партитура (ж.)
Тоа е реалноста на животот, партитурата се повторува како пејсаж осипан со оази на привидно блаженство во кое нема место за вистините на срцето, жед за вода во пустина и фатаморгана во која постојат само “вистински лаги”.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Околу доцните шеесетти Бојс почна да го употребува цртежот главно во едноставно нотирани „партитури” за неговите перформанси. Овие мали, слободни чкртаници, типично внесени криптични фрази, усмерувачки ознаки, и мноштво отпечатоци, не се лесно читливи, дури и за оние коишто се запознаени со споменатите перформанси. 90 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ние сме одглас на гласот под небесната капа, Свилени конци низ нотите на бескрајни партитури.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
„Мислам дека не треба веќе да ги почекуваш своите ученици”, ѝ вели Хана на ќерка си, донесувајќи го чајот во две порцелански шолји со флорален мотив, додека Агата увежбува една партитура во салонот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)