партнерка (ж.)
Полицаецот почна да урла. Два истрели беа доволни за неговиот глас да се смири и тој и неговата партнерка никогаш повеќе да не прозборат. - Децааа бегајтееееееее!
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
- Прават маскенбал на Правниот факултет. Би сакала ли да ми бидеш партнерка?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кога познатиот револуционер бил на некаква веселба со својата партнерка играл танго, додека останатите околу него бразилска самба.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Едо настојуваше на црната боја на партнерката, а Елефтерија рамнодушно остана на своето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бараше тој и неговата партнерка да влезат во куќата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Незамисливо, би рекла неговата сѐ уште-Преговарачка партнерка кога тој тоа така би го изразил; но најдобриот доказ за Френк дека стигнал до последното П во ПБПДП е дека овие увиди, иако растажувачки, вкупно гледано деновиве му носат колку бол, толку и задоволство; задоволство што толку долго време (иако помалку отколку што очекуваше) ги имаше, ако не богатството и славата, тогаш почитувањето од своите студенти и колеги додека предаваше, нежноста на својата возрасна ќерка и возрасниот син на Џоен од нивните претходни бракови и, над сѐ, љубовта и пријателството на својата втора животна сопатничка, чии што талент и доцниот успех го радуваа барем онолку како да се негови.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Дали е ова „игра“ во која танчерот ги менува партнерките после секоја музика и повторно ги виде откосите што Долгиот ги оставаше зад себе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа се чини не му се допадна, затоа слезе да се види со другарка му која му беше партнерка во организирањето модни ревии.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)