парченце ср.

парченце (ср.)

Одблесоци од парченца стакло на искривени огледала.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Еве сега ќе видиш...сепак го разврза тоа мало нешто, извади од џебот на елекот малку црн леб, го кршеше лебот на мали парченца, па со макање во нането, касна колку еден – два залака.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Се сетив на маневрите со парченцата свинско и на пробирливото сецирање на тестенините.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ние ќе земеме учество во неа како грст прав, или парченца коски.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пред тоа стоев пред парченце огледало и гледав како ми побелуваат очите од грижи, од јад поради човечка пакост, поради зашвајсуваноста на полициските срца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За лисицата и за гавранот што држел во својот клун парченце сирење?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога стана од земја, утврди дека бил покриен со парченца стакло од најблискиот прозорец. Продолжи понатаму.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сенката на манастирот паѓала на другата страна, кон густите полусуви и сѐ уште неизгорени смреки премалку достоинствени за својата жилавост, кон зимзелената расфрленост што горе, под најблагиот превалец се проретчувала пред старци дабови, и пред парченца млечна покривка на снег со четирипрсни траги на лештарки и со лански примки за горски еребици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Преостануваше Таа. Да му се подаде, во празниот апартман, меѓу рамнодушно расфрлените плочи и книги и парченца хартија со страстен ракопис од незавршени реченици.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На дел од отвореното небо, неопределиво парченце кусо ослободено од октомвриските облаци, лежи некаков призрачен белег, зрачен мраз или разјадена месечина и ѝ ги граба на темницата запизмените раненици, го отргнува од неа заедно со нивниот грч, и нивната безнадежност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Веѓа, вкочането око со заборавен сјај на свеќа под клепката, парченце усна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се загледав во парченцето ткаенина што во тој миг се наоѓаше меѓу нејзините прстиња.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првото парченце од чоколадата се истопи врз јазикот на Винстон. Вкусот беше прекрасен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секретарката зазбивтано дотрча од својата канцеларија и немо, без збор, зјапна во парченцата стакло и во дамката од пијалакот на ѕидот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И Јаков има такво парченце. Се брани од зло и го гази.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се сетеле, сигурно би го раздробиле витражот на уште поситни парченца, до непостоење на боите, на ова останато живо око на некогашната катедрала, извор на далечната божја светлина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во рамката се држат уште неколку парченца испукано стакло. Долу на подот - куп срча.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Татковците на другите момчиња, што заминуваат во вселената им носат парченца руда од Калисто и црни грутки од метеорите или син песок.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе