пастрмка (ж.)
Нешто се тресе во водата ладна стружанка млада широкоградна камен од бубрег во бешика спадна голем ко орев го измочав падна Во Струга сакам и плажа да имам да не плаќам данок пари да зимам езеро чисто јас да благословам нелегално пастрмки со мрежа да ловам Оф леле леле либе ле Дримот ги лади јајцата две виршлата веќе одамна се свари за тебе ќе пишам на старост мемоари Донеси либе пиво од туба да заблажам душа и слатко од дуња облечи вечер свечена руба од сите ороспии да бидеш најубаа
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Реката ги смирува боите на пладнето По патот на пастрмката претрчува шепот и цветот на реката се затвора.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Црномурниот заровите ги фрли Облакот се повлече од челото, се стопи И затечен помисли: љубовта кога ќе те опие зарот не смее да е врл, и се пофали: „Можев да ја уловам пастрмката, за прекрасна вечер на ѕвездениот чардак!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Иако неговите соседи го сметале за мрднат, таков некаков ти бил - молчалив и спечен, грст иловица со душа, му носеле јадење, некој чорба со зеленчук, некој пастрмка со грав.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Некаде во непосредна близина, иако не се гледаше, течеше бистар, бавен поток во кој пастрмки пливаа во вировите под врбите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„И не заборавајте: девојките црвени дамки од пастрмки носат под костените на дојките“.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Таму беше вирот со итрите пастрмки што толку го предизвикуваа Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од каде оваа похота
та што се прекршувам разнобојно
ко пастрмка во машките огледала?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Не сакам ни да ми кажете кога ќе ги труете пастрмките, - се побуни Елена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Со цигарче во уста, кое како да не се смалува, и до колена во езерото, Мики, упорниот рибар, со блинкер фаќа мренки и кркушки, запечени пастрмки.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Каде и да мрднеш, сѐ јагоди. А пастрмки не наоѓаш.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Денес ќе ги гониме пастрмките! - рече Денко додека го сркаше топлото млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
И сите велеа едно исто: вакви пастрмки, јагули, летници, костреши и крапови, толку вкусни, нема никаде на светов.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во воздухот продираше миризмата на свечено испечена пастрмка.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Со пастрмките, како и порано, не излезе ништо. Уште при првото влегување на Бојан и Денко во вирот водата се замати и залудно беше сето нивно настојување да ги впишат под некој камен итрите риби.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ручекот што го приготви Дејко беше богат: имаше секакви риби: пастрмка, крап, јагула, клен, плашици... Приготвени беа на разни начини.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)