пациент (м.)
Тоа доведува до ситуација исполнета со црна иронија, бидејќи пациентот често игра улога на психотичен или се преправа дека тоа го прави.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Прво погледна во зениците на нејзините очи, бидејќи како лекар знаеше дека тие се огледало на општата состојба на пациентот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Немаше проблем да ги види пациентите преку главите на своите колеги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Пациентите на лекарот мораа да се стуткаат додека минуваа низ тесниот премин кон аголот каде што се наоѓаше неговата маса, а до неа и сплесканата софа за преглед прекриена со кожа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Затоа што повеќе се швалерисуваа отколку што лечеа пациенти.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Следниот пациент веќе беше на хируршката маса.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Пациентот го однесоа во некоја задушлива соба.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Седат ко абдали пред тв кутијата и се тресат за својот фаворит, а да не ги спомнувам оние кутри пациенти со ливчињата у руки кои со саати дрочат по кладилниците и животна цел им е спортската лутрија.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Лекарот мора да го пробие својот пат, без оглед колку пациентот се буни.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Пациентот тогаш чувствува дека сторил сѐ што можел за да го заштити лекарот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Пациентите врескаат и се тепаат кога не се сигурни дека психијатарот ги гледа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Рече дека, во првиот дел од прегледот, ќе му постави неколку неизоставни прашања на пациентот, пред да го изврши другиот дел од прегледот, за да може да му понуди што поцелосен увид на медицинскиот колегиум.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Следната вечер Виктор беше дежурен, па имаше време подетално да го запознае драгиот пациент.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бидејќи по природа комуникативен, натпросечно за својата средина, на Миха му беа малку контактите со домашните, со колегите, пациентите и студентите, па бараше соговорници во театарските бифиња, во Клубот на писателите и Клубот на новинарите, одбегнувајќи го сѐ повеќе Клубот на пратениците, но затоа пак не му беше зазорно да наврати во некое маалско кафуле.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Разговарав со еден млад пациент, пак од нашата земја, кој со интервенцијата на Гио во разните канали на нервниот систем, односно во центрите за движење на малиот мозок, успеал, според сето она што денес може да го даде неврохирургијата во светот, да му ги смири движењата, неволните, рефлексивни движења на рацете и на главата и го оспособил да може самостојно да се служи со раката, да може да се вклучи во животот со значително помали недостатоци.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но младите сопруги и сопрузи, чии газиња кога тие се раѓале доктор Станеф ги плеснал за првиот плач, сега доаѓаа кај него како пациенти, исто како што порано правеше претходната генерација.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во некоја рака, мојот прв пациент беше татко ми.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Овој од вчера е наш нов пациент, - им објаснуваше примариусот доктор на стажантите, кои одеа по него. Дијагнозата ја даде на латински и Томо не ја разбра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)