педа (ж.)

Набргу речиси и последната педа од плоштадот беше исполнета од кози и од луѓе.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Еден автомобил ама за педа се вкопал зад мене!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Велеа дека се мали, нека почекаат малку, да пораснат вела некоја педа, та и нив ќе ги соберат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја градеа заедно и заедно остануваа во неа сите изминати лета; ја знаеја како дише секоја педа од нејзините простории и ги имаа во рацете сите допири на сите греди, од кои што беше создадена таа, а тоа можеше да трае сѐ до есеноска, кога ја напуштаа, сигурни дека напролет пак ќе ѝ се вратат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ако замислиш нема педа земја што не е натопена со човечка крв и нема чекор земја во која не лежи закопан човек...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оти вселената беше поместена за една педа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се разбудив од својата смрт многу подоцна и на неколку чекори од заодот над непознатите ридишта над кои гракаа врани или пропаски со попусто тргање на крилјата за педа да се подалеку од местото за кое ги држеше некоја сила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вратичката од жица беше само една или две педи од неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свесни за својот долг кон Татковината, тие беа тврдо решени да изгинат сите, до еден, но да не отстапат ни педа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Педа не отстапува од него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едноставно, се ослободил од тежината на телото, ја победувал гравитацијата на секоја педа од сцената.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навикнавме на границите. А на Балканот нема педа земја кај што нема некаква граница!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само по една педа или по еден чепорок на ден го поттурнуваат, го помрднуваат, нагоре, кон Пелистер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да знаеш дека не ти гини скусување колку за една педа. - Не повеќе, - рече Србин.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа, според него, се довлекло на ребрест мев од непозната Арапија, сега го ора нивното отечество и не јаде желад, како што не ќе јаде подоцна ни трупки ни моркови, туку бара мевце, жили, души, до последната педа во црно ќе ја завитка земјичката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Речиси отточканото може да го проверува и по стопати, да го врти и да го разгледува од сите страни, да го мери со педи, со лакти, со сажни...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другарите ја познаваат реката. Ми велат - ја освојувале педа по педа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Повеќе