педијатар (м.)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тоа беше најрадикалната, најсубверзивната социјална доктрина на сите времиња, и беше насочена кон единствената група што може да предизвика долготрајни промени: родители, педијатри, учители.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во 1946-та, квантната психологија беше преведена на здраворазумски, и пренесена во психологијата од страна на педијатрите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Еден од моите браќа, кој ја прифати татковата сугестија да студира медицина и стана познат педијатар и универзитетски професор, имаше двајца професори сефарди, специјалисти, познати, кои го поддржуваа во кариерата и останаа големи пријатели.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)