песимистички (прид.)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Геометриската композиција потоа успешно се гледа и на психолошки и на идеен план, успевајќи формата да ја стави во служба на една, во самата суштина песимитичка замисла за цикличноста на човековиот пораз како последица на човековата природа во која е невозможно докрај да се проникне, токму како што е невозможно да се спознае минатото, политиката, меѓучовечките односи, бракот, семејството.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ја гледаше единствено како секој ден си го проверува сандачето, па помисли дека можеби има некое момче во Франција, но брзо ја отфрли таа идеја како премногу песимистичка.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Елитистичките, економските, редукционистичките и песимистичките постапки ги заменија нагласувањето на релативната автономија, отпорот на публиката, множеството значења и политиката на уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Се анализирам себе си, констатирам дека не можам да се сфатам, да се дефинирам, освен дека сум повлечен, затворен, дека песимистички ги гледам работите во животот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)