пет-шест бр.

пет-шест (бр.)

Навапца петшест оки предено во разни бои и го обеси во дворот да се суши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не еден од тиквешките бегови собра и по пет-шест – десет души луѓе што ги фати по изгорените села и ги отера да му работат по чифлизите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Потамина тргна по улицата нагоре, излезе над село, сврте по друга улица да се враќа и наскоро пак се најде на средсело пред продавницата што уште не беше отворена, но таму, раштркано, веќе беа наседнати пет-шест постари жени, два-тројца исто така постари мажи и едно девојче со отворен уста, убавко, но по изгледот тутулаво.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да има околу пет-шест години.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истиот ден поминавме фаланга. А фаланга, тоа ти е да те тепаат пет-шест полицајци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Јас не бев сама, ние бевме пет-шест другачки што си помагавме во пченки-копање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На горниот крај имаат два рога, кои се долги до пет-шест санитметри.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше една просторија како поголемка дневна соба, со пет-шест маси поставени вдолж и столовите како расфрлани по просторијата околу масите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на пет-шест километри од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Требаше навреме да превртиме на скара пет-шест пати, па со кромитче и тенок шприцер.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И него Турци го фатиле, со тешки синџири го оковале, за бука го врзале и додека тие на пет-шест чекори од него вртеле овен на ражен, тој умирал во најтешки маки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старешините молеа, преколнуваа, метанисуваа да не се пусти селото, да им остави срок од пет-шест, десет дена, да толчат глави, да продаваат, да се заборчуваат, да соберат нешто пари, нешто стока, да се откупат, но ништо не помогна.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дали немаше еден тагар брашно да замесат пет-шест буленца? — ќе речат еснавките.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во таа област живеат пет-шест илјади ѓаури во дванаесет села што имаат чудни навики.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ќе почне од трубите и од бунарот, ќе помине преку петшест среќни и несреќни судбини а нема да заборави да го спомене и војводата Каменчо, од турско, оној што не дошол да ги одбрани од срџбата на зулумќарот Ибраим кој ги прогнал од родното огниште горе на Плачковица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неколку мига потоа наидоа на пет-шест купчиња стари книги.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еј, море, еј, сираку! Да не те фати бељата, та по десет и петнаесет лири се купува една вдовица, само Доста не сака да го голи човекот, та и дваесет и пет да беше рекла ќе ја тепаше главата Илко; од душа, од гуша — ќе ги отбереше Затоа тој кога киниса од дома си зеде осум лири, две франги, петшест бели меџудии и нешто ситна пара.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Понекогаш се расплачуваше по пет-шест пати само во текот на една сесија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За жал дождот потраја малку повеќе, околу пет-шест дена, доволно за да почнам да се депресирам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во последните пет-шест години, додека таа сè уште работи во ДУТ „Спектар“, работното време воопшто не се почитува, па често се случува да се работи и по 12 часа, а работниците се принудувани да работат и за викенди и празници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе