печка ж.
пече несв.

печка (ж.)

Наоколу се очекориле кашличави луѓе, ги јавнале печките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постоеја пространи простории во кои се складираа исправените документи и скриените печки во кои беа уништувани оригиналните примероци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа го носеше уште првиот отворен поглед во овој човек до печката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Внатре владее пролетна топлина која се одржува со гасни печки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веќе е студено во собата а и печката е оладена.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Во собичката му беше топло и јамакот шумеше на печката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој молчи и ја загрнува сѐ уште топлата печка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Околу печката беа наредени валчести капаци за мини и бомби. На ѕидот од леарницата висеа неколку бомби.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Среде во леарницата беше наместена голема железна печка.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Скока по неа и врз креденецот, и врз запалената печка, па дури за една мува може да се најде обесен и на лустерот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во левиот ќош мала печка а на другата страна има дрвено креветче. Струја нема. Светиме со ламба.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој го зема ќибритот од полицата а Сашо реди дрва во печката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Срнчето еднаш пречекори кон печката и сега сакаше упорно да остане тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Времето му минуваше незабележливо во таа отпуштена зачеканост, во која одблесокот од вратничката на печката ја исполнуваше собичката со илјадници трепети на црвените сенки и полусенки од чија игра стануваше пријатно топло. И Белата Долина почнуваше да се буди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги стискав забите и пак чекорев, од гобленот до печката, од прозорецот до долапот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Станува, зема едно дрво и ја отвара печката. - Иаај! Па таа изгаснала! - Аииј! - се чуди Сашо. - Изгаснала!...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Отиде до печката и го запали гасот под алуминиумското ѓезве.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе