пештера ж.

пештера (ж.)

Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не прочитал никој во црковните книги дека дедо му на мојот дедо живеел со мечка во пештера.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не требаше татко ми повеќе да длаби во сеќавањето за да дојде до нови докази дека некоја од пештерите во утробата на Калето ќе му биде гробница на Чанга со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега многу се тие кои ја посетуваат пештерата која од некогашно мечкино дувло, денско живеалиште на лилјаците и пајаците и седиште на мракот и несреќите, стана туристичка атракција...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Захаријадис веднаш нареди да се преведе писмото на грчки јазик и да им се јави на сите воени команданти да дојдат на итен состанок во пештерата над селото Горажде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Целата пештера беше покриена со зелен мов како кадифе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Излегувам пред пештерата со камења в рака и викам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Каушот личеше на пештера во која се довикуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потсетуваше на ветерот на времето, што фучи во делфските пештери за да го каже она што морало да биде вчера, што мора да биде денес и што ќе биде утре.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Над изворот најде една пештера и тамо беше си влегол за вечерта да преноќева; арно ама ако дојде ти да преноќеваш и да заспиеш тамо, да и Силјан да заспие!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дали пештерата им заличува на масовна гробница?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор ќе грмне и ѕидовите од пештерата ќе се занишаат како огулена слабина од животно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Горјан го внесе самарчето и влегоа во пештерата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вака прогнат на тврд камен во една пештера меѓу лисици и дождалци немам сили да се извинувам и да извикувам пароли.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Глеј само како му слабее чекорот Како му истечува времето И како исчезнува во сопственото ехо во глувата пештера на сеќавањето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
„Ние мажите првин одиме на лов потем по пештерите - скришниот предизвик на светлоста - цртаме одбрани ловечки сцени со стрели и елени со копја и бизони.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе