пења (ж.)
Откако се наиграа и нашетаа низ село, сите улички ги протрчаа со коњите, сите кучиња ги нападија надвор од селото, ги направија коњите бела пења, изгазија ергенчињата по некое девојче, турнаа по некоја стара баба и ќерамида од покривите; на еден знак се прибраа секој во својата „база".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Лицето му беше отунато во крв, десната рака скршена, а на устата му вриеше шапка пења.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Утринава низ селото помина, како веда помина еден царски гласник. Коњот сиот пења!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)