пипка (несв.)
2. Долниот свет
Не оти сме слепци
туку од што сме се одвикнале
да гледаме блиску пред себе
невешто се движиме
со стап вперен напред и
пипкаме:
да не би да наидеме на змија, мудро немушта
да не би да најдеме габа, солза радосница
оти со години гледајќи далеку
ни отапеа сетилата
за светот тукашен
па само некоја разорена
и во мислите насетена
ко привидение, стварност
се тетерави без престан
и бдее
од страв да не исчезне
ако се успие!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Знаеш, миличок, тој не беше од оние посрани интелектуалци Нес Мееш, кои по искуството со болната тупаница, постојано се пипкаат по стомакот да не им се прекине лигавата папочна врска со строгата Мајка Татковина.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но тие се плашат од забушавање, настојуваат за да бидат посигурни; те вентузи, те рендген, те да им се вади крв... да ги пипка некој од горе до доле... сѐ да им се измери... притисокот и глупоста...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
(Дури и да сте мислеле дека тоа е музика, признавате дека таа допрела до вас преку ушите а не преку очите, а и тоа дека не сте ја пипкале со рацете ниту сте се шетале по неа.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се вртеше во постелата возбуден, нервозен; се поткреваше одвреме-навреме и пушташе рака кон столот, ја пофаќаше празната кутија од цигари, ја отвораше, чинејќи му се дека не ја избарал добро, дека ќе најде некоја преостаната; пипкаше со прстите низ нејзината внатрешност како слепец, како болен човек што посега по некој спасоносен лек; ја гмечеше кутијата со сиот бес туткајќи ја во рацете.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Црвен елек потскокнува по ритмот, играат како земјата да не ја допираат, како да не сакаат да ја повредат, или се задеваа со неа како со врв на нозе ја пипкаа така лесно...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Визјо се наведнува, го пипка паркетот, тато гровта, мрмоти нешто...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)