писан (прид.)
Изрипа рането Јаким и ги стегна силно градите, ги задржа солзите - сакаше да го гледа во далечината бродот, што пореше со Божина милиот побратим, со кого ергенуваше и во рани зори ги будеше со својот писан кавал заспаните родни планини...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
6. Ај, на наломи излези бело Фиданче писано, прошетај долу в чаршија кога седам на ќепенци!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
- Јадна бабо, писана ти бабо, гледам твоја тага, гледам, бабо, тешко ти е, на душа и срце.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Некое момче од четата на Јане Сандански, носи шарена писана гајда.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Која волна, која чорапи, гаќи, ќурдија, дури и по некоја сакма, а ете, некоја сиромашка фрлила писана кошула, — алова, „старавинската", а некоја пак грабено детинско кошулче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)