пишан прид.
пишанка ж.
пише св.

пишан (прид.)

Не било пишано, велам, сѐ требало да е и на друго место запишано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
2. Кога ви велам Така ми било пишано И пишано и судено (а од пишаното не се утекнува) Уште во првиот сон Да го видам доаѓањето на доселениците Кои сите до последен беа осудени На активно учество Во создавањето на новиот свет Новиот свет и новата нафака
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А ако е потребно да се преуреди сеќавањето, или да се преиначат пишаните документи, тогаш е неопходно и да се заборави дека тоа било направено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со запирка се бележат паузите во зборувањето кои одделуваат: реченични членови, вметнати делови и изделени елементи во составот на простата и на сложената реченица.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Пишани документи немав, но ми беше надеж фактот што еден странски патописец се обрнал кон Маказар и пишувал за него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така било пишано. И пишаното никој не може да го избрише.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Турците можеби уште сега ќе кренеа раце од неговиот мајсторлак, да не беа пишаните книги со задужбини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе одам и ќе го крадам, велам, било пишано и своето дете да го крадам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Особено се најдоа себеси во планинарството и пишаниот збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Минатите настани се тврди, објективно не постојат, туку опстојуваат само во пишаните документи и во човековото сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Утврдувањето дали сите пишани документи одговараат на ортодоксноста на моментот претставува обичен механички чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсекогаш тутунот не растел во Јапонија. А пишаните споменици не се согласуваат во поглед на датумот на неговото пренесување во оваа земја.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зар е пишано, си велам, постојано да бидат во наша близина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
VIII Живеејќи со години во далните источни предели, бев постојано соочен со почестото верување на луѓето во фаталноста, во судбината, во зборот мактуб (беше пишано, во слободен превод), што го слушав постојано, во различни конотации, во зависност од настаните со кои се соочуваа луѓето, судрени со тешкотиите кои им ги донесуваше животот пред вратите на пустината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Можеш да бегаш каде што ќе помислиш и со кого ќе посакаш, ама од судбината или од пишаното - нема. Затоа народниот гениј рекол: „Од пишаното не се бега“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе