пијанство (ср.)
Некои војници во тие пијанства ќе ја грабнат пушката и ќе излетаат од окопата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Козаци во долги црни долами заскитани по рѓосаните штипски ридишта танцуваа смртни игри врз испотените плеќи на неоседланите коњи Но не од радост И не од среќа И тоа е пијанство.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Вчера го прославија овде св. Трифун А несреќниот Валентин остана в сенка Во просветениот свет најпрвин доаѓа љубовта А потоа опиеноста. Овде пијанството е зачеток На секој зафат.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Колкаво е пијанството на среќата?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој не беше свесен за ништо друго освен за празнотијата на страницата пред него, за чешањето на кожата над глуждот, за трештењето на музиката и за лесното пијанство предизвикано од џинот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Лишките немаат врска со оваа работа, вели налутено Максим и во истиот миг се прекорува себеси што откако се заветува зимоска дека еднаш ќе го отепа кобникот од Камен, а не го стори тоа, не се стори ниет ни да се сети на него, а еве сега на друго си помислува, поправо зад друга помисла се затскрива: и да го отепаше, и да разгласеше дека е бувот отепан, луѓево пак ќе веруваа дека тие, лишките, им ја донесле оваа несреќа, а не тој, Лазор Перуноски, во час на пијанство.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На едно место, во една своја тетратка, по едно пијанство, од не знам какви причини, сум запишал: Тешко на оној кој знае да чита само затоа што претходно ги изучил сите букви и знаци на јазикот од кој чита; блазе си му на оној кој знае да чита и без претходно да го знае значењето на знаците; само тој вистински чита.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
1. КОЈ ПИЕ НА ВЕРЕСИЈА СЕ ОПИВА ДВА ПАТИ - а за трезнење и трето пијанство ќе вети.
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
И секогаш во движење, во скок. Од чаша до пијанство, од љубов до заблуда, од случајност до убедување.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Вие сте фино возбуден и лесно возбудлив поет, со водени очиња подуени од книжевни пијанства, шетате навечер со рацете во џебови, свиркате, го дразните малото курче, умирате од убавина во догматски дремеж и во лигави рими и од совршено жабја перспектива, ни давате до знаење како се чувствувате и какви планови имате со светот.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Зборувам за дивјаштвото на армијата, за српските и црногорски доброволци кои го пљачкаат Дубровник, за колективната параноја, за лагите, за срушените хрватски градови , за убиените деца, за запалените села, за масакрите, за бегалците, за пијанството, за лудилото, за култот на ножот...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Со вино ќе го платиме“, пеам, а жените ги фаќа некое пијанство, се отвораат во широки кругови: колца, колца на снегот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пијанство на мртво! Полегнаа луѓето на подот, сите се капнати од долгото кланцање во возот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ебати пијанството ако не направиш нешто за да се срамиш утредента сабајле. Сакаш да играме чочек?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Пијанството, што го носеше крвта, сетена на острината од гладните секачи, завладуваше пред неговите очи над сите тие парталави, тела, а ударите на забите по секој празен заграб ги тераа да завиваат од таа ужасна грозница; беше една глад, кој ништо не беше во состојба да ја утоли; таа растеше со секој дофатен залак, таа побеснуваше во својот лудечки занес, разгорувајќи се, тука, пред неговиот прозорец, а нејзините писоци од болка и од настрвеност говореа и за можноста од тој испреплеткан јазел на крвавото беснило мнозина од нив да излезат и без своите сопствени колкови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Добро сторив што брзо потоа му упаднав на Лауша дома и особено што писмата му ги побарав пред жена му, инаку можеби ќе се повлечеше, ќе се извлекуваше на мало пијанство, вака немаше каде.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Треба ли тоа да значи дека ти си ја засакал таа жена? (Се обидува да се соземе од пијанството.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Но секогаш - не заборавај го тоа, Винстоне - секогаш ќе постои пијанството на власта, кое постојано ќе расте и постојано ќе станува сѐ посуптилно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)