пијачка (ж.)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гордо исправената статуа на шмизлата поставена пред некогашното собиралиште на скопските курви ќе дава дополнителен стимул на нашите омладинки во која насока треба да се движат, то ест дека со газ, цицка, две три пијачки и бркање спонзор може високо да котираат во општеството со изгубени вредности.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Меѓу две пијачки во кафулето Абориџините од сиот свет преработуваат суви сливи против запек на песимистите.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Наточив пијачка и мислев на твоите нозе.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таквата прилика, во саботната пијачка ѝ беше сервирана како на тацна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таму на паузи и навечер на пијачки доаѓаа сите политичари и многу естрадни фаци. Јас сега станав свесна за тоа.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја честеше и неа пијачка. Ги миев чашите, вриев од нервоза и мислам дека тие сами пукаа под моите раце.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Многу питом народов. Може е од пијачката, ама возот ко да успорува. Изгледа наближува станица.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
- Моите гости си носат пијачка. Што ќе си донесат, тоа ќе си испијат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
СУЛТАНА: Бев на свадба. Имаше турли, турли јадења и пијачки и зурли и тапани и веселба до три дена.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
СУЛТАНА: Бев на свадба. Имаше турли, турли јадења и пијачаки и зурли и тапани и веселба до три дена.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Турците, кои избегнуваат алкохол, ги прифатиле со радост овие семиња и ги приготвуваат во најсвечени седенки, но тој смета, кашлајќи забележа дубровчанецот, тој смета дека оваа пијачка наскоро ќе се служи и по ановите и по меаните, а особено меѓу оние што се нарекуваат поети и кои главно, и во неговиот Дубровник, ноќе ги пишуваат одите на своите љубени, и како месечари ланѕаат на месечина, пијани од љубов и изветреаност.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Цело снопче се, рече Лауш, уште по втората пијачка што ја пиевме во малото барче.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Додека јас бев отсутен, обземен со себе си, Коле наредуваше околу пијачката.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Франц виде оти нема да добие пијачка и се омрцлави.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Можам ли да ве почестам една пијачка?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Каква пијачка, каква музика, та ние сме на лист хартија.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Тако остана во добра пијачка форма.
„Граница“
од Луан Старова
Уште и да не беше пијачката меѓу нив, расправата можеше да се сфати како разговор со кафе и локум.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)