плакат м.

плакат (м.)

Можеше да се прочитаат и вакви плакати: „Да живее козата на соседот”, „Со козите во нови работни победи”, „Смрт на козите, слобода на народот”...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По ѕидовите имаше црвени плакати на Младинската лига и на Шпионите, како и еден постер на Големиот Брат во сета негова големина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицата им се земени од некој скинат плакат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕидиштата се облепени со плакати и календари.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Часови и часови имам поминато лепејќи ги нивните проклети плакати низ цел Лондон.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некои стигнаа и да налепат плакати, да подготват летоци, да испишат транспаренти со пароли, во прилог на козата со успешни цртежи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уште истото попладне Томаица помина покрај киното да го види плакатот од филмот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Уште на самиот влез во Тирана нѐ пречекуваат мамутски плакати со веќе видените пароли во кои постојано се запишани имињата на: Сталин, Водачот, Партијата...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Застанаа малку на страна, покрај плакат кој рекламираше поволен кредит од С-банка, под кој случајно ѕиркаше зборот „Убиство“ - остаток од постер против абортусот кој бил тука пред него.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Кога минувавме покрај Карлтеатарот, видовме дека на големиот плакат поставен пред него беа најавени изведбите на неколку антички трагедии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
До небо плакати дигнете горе, да блесне, норма - графикон, да екне песна силна ко море, да татни вишен небосклон!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во овие десет броја Маргина се обидуваше да го разбива оној нарцистички (автистички, во крајна линија), оној апологетски концепт (симптом, поправо) за културата, кој богами е доминантен во нашево кревко и бедничко културно живеење; од уличните минувачи затекнати во глупавите анкети, општинските чиновници, директорите на културните институции, министрите, преку новинарите и уредниците на културните рубрики, до претседателот на државата (кому, сепак, единствено и може да му се прости таа јазична помпезност, бидејќи работното место му е такво, церемонијално), речиси секаде (особена чест заслужуваат ретките исклучоци) владее тој бомбастичен, провинцијален дискурс кој повеќе прилега на мобилизациски плакати и на продавници за вештачко цвеќе отколку на еден јазик кој треба да критикува, да продлабочува, да артикулира разлики.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Брат ми многу се занесува за него, а мене тоа воопшто не ми се допаѓа, оти истото име го прочитав на еден плакат што е залепен над неговиот кревет, на кој пишува „Дрогата ги уби“ и под насловот има многу сликички на пејачи и актери што умреле од премногу земање дрога.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Застануваат на ќошињата од куќите и жолчно ги кинат летоците што се залепени на плакатите на кои до синоќа пишуваше: „Народе, откажете се од помагање на шумските голтари, кои се одметнале за да ви нанесат пакост и несреќи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Отворено е широко поле за активност на сите уметници, отворени се сите благородни извори на инспирација, а ти од нив црпиш само фантомски измислици, надуени, пасквили, црно-бели плакати, памфлети, алегории, макар и со лични имиња. Така може секој, така знаат сите!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Големите плакати што ги нудат филмовите по кината речиси ме исфрлаат од улиците и засолниште наоѓам во пријатната полутемнина на бараката зад Економското училиште.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во осумдесеттите Ле Гак, типично „попартистички“ но со една нијанса повеќе на „онеобичување“, почнува да слика „копии“ на слики од масовната култура (корици на книги и плакати на филмови од триесеттите), притоа користејќи цела палета на различни техники, играјќи се со „стратегиите на идентитет“ (правејќи одредени анонимни мистификации), вметнувајќи во своите „слики“ прожектори, камери, машини за пишување...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повеќе