пламне (св.)
Во ноќта повторно се разгори, пламна козјиот проблем.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Кметот пламна со стиснати заби: - Надвор! Да не те видам повеќе! ... Излетав како удрен со клоца. ***
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Нешто што наеднаш може да пламне и да ги измени сите нешта или пак засекогаш да прегори дури и незапалено.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Огнот се вивнал и пушта златни пламени и искри и на Доста ѝ се претвораат во безброј ѕвезди што ја осветлуваат куќата за подобро да може да ја види нејзината искра, од која има да пламне силен оган во нејзината згасната душа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На друмот се крена прав. Два камиони пламнаа во оган и гореа се крена чад.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Тој покажа кон вратата, таа тргна, но ливчето ѝ падна без таа да забележи; класниот стана, го зеде, Луција веќе беше надвор; Фисот го прочита и се вцрви (беше ќелав, но жилав маж, со брада, и јас првпат видов дека брадата не можеше да го сокрие неговото црвенило, оти ќелата му пламна како да е лице).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На втори петли едно залче леб каснала - не бидувало на гладно срце јајца да се вапсаат - па ја распретала пепелта, боринче клала врз жарчињата, огнот да пламне под котлето.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Во електричната инсталација знам еден таков дефект што вечер кога ќе се шкрапне било кој прекинувач, кога некој каде и да е ќе ја вклучи струјата, ќе се предизвика таков куршлус од кој куќата цела ќе пламне како кога се пали автомобил и никој жив нема да остане.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Најверојатно искра од огништето. Сламениве покриви од светулка ќе пламнат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града. Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Дошол на себе кога му пламнало црвеното брадиче. Веќе и влакненцата во носот му гореле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Му пламна сѐ - и лицето и грло и утроба.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Секања од гром, трештејќи во неа ѝ ја погодиле утробата... па тој удар пламнал во силен оган... кој сѐ стрештил, сѐ строшил и прснале пламени на сите страни!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
Ал' не слушајат му молби Турци крвопијци, пушка пламна, пушка пукна в турски раце клети, зрно оловно продупна белите му гради.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Ни текна да ја потпалиме сламата. Набргу пламна огин.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Сето тоа му расправаше сега Белич, сиот пламнат и возбуден од големите и радосни преживеаници што ги чекаат таму.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Пламна реа на темјан, босилек и ореово лисје.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Свртена сум кон тебе со пламнати коси по кои се спушта пепелта на примракот.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Друга запалувачка граната падна погоре и експлодира во чатијата на една сламена куќа. И таа куќа пламна.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)