плам (м.)
И втора година ме мори
нежива заспивам пред зори
без адамово ребро липам ко плам
биди мит за привиди ненасит
и минатото да биде мило
да биде што не било
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Светот - свет е, а ти - крв и рана, кој го слути твојот жеден плам, и кој слути дека си фонтана кога ноќе поминуваш сам.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Помни го мојот збор кога гориш во љубовен плам: еднаш само, мажу, тече млеко од женските гради.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)