плачење ср.
плаче несв.

плачење (ср.)

Плачеш еднаш за ова, плачеш после за она и сѐ во плачење ти поминал векот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, уште кога ме виде како да се сети на нешто и почна да му се враќа плачењето, дишењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си го слушаш само безгласното плачење од радост дека пак си се вратил меѓу живите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам што да сторам и како да ја успокојам мајка ми: ќе пукне од плачење.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Неговото плачење ме потресува! - Не можам да гледам плачење. Многу сум жалостива! - рече Јанка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе одам така и ќе наслушувам од кај ми иде плачењето негово.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со едната рака ќе го удира, а со другата ќе му ја затвора устата за да не му се слуша плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Долго ме жулкаа по главата шепотејќи дека попусто е плачењето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Може и нивната љубов се остварува само низ плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас веќе не можам да запрам со плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Изутрина ме разбуди задушливо плачење: офкаа и дедо ми и мајка ми и сите што леткаа низ куќата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Изутрината ме разбуди задушливо плачење: офкаа и дедо ми и мајка ми и сите што леткаа низ куќата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Овој ќе се штрекне и запира со плачењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некои имаат натечени очи од неспиење и плачење.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Низ прозорчињата се слуша задушливо плачење и лелекање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Влегов во бараката и слушам замалено плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На секој збор ми иде за плачење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И плачењето ми го чувале како песна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имаше поинакви очи од сите деца кои ги бев видела; тоа беа очи кои плачеа навнатре, а солзите паѓаа некаде таму, длабоко во него, и не го носеа она ослободување кое доаѓа по плачењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од срце ми се плаче, но тоа свесно не го правам зашто плачењето ги исцрпува силите, води кон попуштање кое значи конечно тонење во ова блато.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Повеќе