плачлив (прид.)
И одиш така меѓу нив и гледаш дека дождот сите ги прави плачливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ уште тапкаше во место кога повторно до нејзините уши допре уште еден, но со друга боја плачлив глас.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А отаде бавчите има една бела и убава куќа. Оттаму секогаш допираше танко и плачливо пеење.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Гласот им е изменет, зборот плачлив, речиси натежнат од солзи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
1. Ги дочув тие сребрени труби од далечината со глас и звук кои надоаѓаа по аголот на зборот со плачлива желност на нероден чекор.
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Сечам сцени со плачливи американски натпреварувачи и ги додавам сликите на домашните масакри. И така по ред, воведувам ред меѓу луѓето. А потоа изморена се откажувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И така писмата на Патрокле до жена му се жалосни и плачливи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Мамо, има човек на балконот! – реков со плачлив глас.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
„ Ох, другар“, почна таа со здодевно плачлив глас, „ помислив дека ве слушнав како доаѓате.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Зошто уживаат кога ќе го видат мојот тажен и болен плачлив поглед?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
-Малку е хистеричен. Плачлив.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Му го слушнавме гласот плачлив и задушлив.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Му го слушавме гласот плачлив и задушлив.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)