плашење (ср.)
Со првите пролетни дни, по сите зимски мори и плашења, едноокиот дошол ноќе од непознат крај, убил туѓа кобила и со големите нокти ѝ ја искинал утробата; ѕверскиот корен можел да му се напои само со густа врелина на крв...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се подигнуваше во него несигурност и плашење.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
За миг, само за миг, прострујува во него неопределено плашење.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Попис, обичен попис. Место на луѓе – на кози. Што има тука за плашење?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Очите на Павле не го кријат тоа. Во нив Арсо гледа плашење и бледост, бледост. Тоа е само страв од смртта.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
9. Гуанг Зи истакнува дека убавата жена која им дава задоволство на мажите, кога ќе скокне во вода, служи само за плашење на рибите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)