плашило (ср.)
Дури и со плашило ги заградил амбарите за да не можат да клукаат пилињата.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Видовте ли како? стана и се сврте кон отисокот што го остави на снегот. Сликата личеше на плашило.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Зошто гледате во мене како во плашило?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И така од чудно убавиот лустер таа направи плашило, грозно и страшно плашило кое потискува, измачува, убива...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Баба Ристосија остана сама во Горно Село. Од неколку стотини селани, остана сама за да ги варди душите на мртвите од сколовранците и гавраните начичкани по плотовите на селските гробишта, за да има од што да се плашат плашилата по бостаните, распарталени од ветриштата и дождовите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јаков Иконописец, сега со мудречка неизвесност на лицето, жолтеникав и мал, премал и за бостанско плашило, ги подал рацете кон петте сонливи старци што се доближиле со израмнет чекор. - Одбранете ме, стриковци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Небаре пчелар, небаре плашило во бостан.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Поточно, нивното здружено претчувство го окотило плашилото: рог во лак свиен на гуштерска глава, под тој рог две пакосни очиња, две жарки, студени и шашливи за да видат сè пред себе, под себе и зад себе заради тоа, доколку патувале по мрак и магла, се грбавеле и никој не сакал да биде последен во редот, без заштита зад грбот, и биле неми и сепак отворени за секој непознат шум.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Андон ја побарал за снаа Савка на Благоја, божем му е нужна за бостанско плашило.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Раѓам недоносени деца, деформирани плашила, секакви инвалиди.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Се разбуди сосема слаб. Облеката стоеше на него како на плашило.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Андон ја побарал за снаа Савка на Благоја, божем му е нужна за бостанското плашило.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
На сповојницата се изредија сите можни и неможни благослови и на сите Митра викаше „амин“, иако во себе си повторуваше на благословот „да не е жив новиот човек“ — „до дните — од дните на пците“,на благословот „к'смет господ да му даде“ — „краста и орлови нокти да се чеше“; „голем да порасне“ — „една педа од земјата“; „мома убава да стане“; „плашило на векот да биде“; „за изгора во село да биде“ — „папакот да ѝ гори, и нејзе и на таа шо а роди“; „ергените по неа да лудуат“, Миша додаваше: „да даде господ она да полуди, та и татко, и мајка од неа да бегаат“; „да му се живи родители“ — „довечера, дај боже“ и така натака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)