плашливец (м.)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Најчесто зошто не сакаа да признаат колку се несреќни, полесно им е да глумат лажна скромност, зошто и така не беа за големите работи во животот- кукавици, плашливци.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Да го предадете сопствениот живот и сопствените надежи, плашливци од најлош вид.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Остави го, братче. Се плаши, одмавна со рака Паљо и ми заврте грб. - Плашливец е.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Секогаш знаев дека си плашливец.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)