плико (ср.)
Уште еднаш мислата ѝ полета кон синото плико каде што имаше патоказ за нејзиното појдовно истражување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ги видов и модрите рани од приборот за јадење, забраните за непрактични вљубувања, прередувањата на Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштата, натоварувањата на Бабите со тешки товари врз корпата.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Просто и направо си влегол во разгледница, па сега се рашетуваш низ неа како паун со отворено ветрило на опашот, додека на некој не му здодее и не ти ја поткуси кикиритката, па да те спика во плико и да те залепи во него, со прописни марка и мур, пред да те прати по пошта на одредена адреса или на пост-рестант.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го адресирав пликото што го пронајдов во фиоките заедно со другите празни плика и хартии на мајка ми, со надеж дека ќе стигне во Гоа, тогаш кога Игбал ќе биде таму.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Ова белово плико ќе го отвориш кога ќе разбереш дека сум заминала на оној свет, кај ангелите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Татко му до својот брат во Грција стигна заобиколно, преку Америка, ставајќи го името и моминското презиме на мајка му на пликото.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Замина како непрочитано писмо грижливо сместено во пликото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Во пликото немаше друго писмо. Само упатницата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Го позна ракописот. Тогаш требаше да се фотографирам со пликото в раце, мислеше сега.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во сандачето – писмо. Го кине пликото – лист фина, сина хартија со облаче во десниот агол, исполнет со препознатливиот, орнаментиран Јанин ракопис.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Иако синото плико го држеше во своите раце, не падна во искушение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Избезумена, истрча од собата. Го грабна пликото од рацете на поштарот од судот.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Некоја женичка стигнува до него да ѝ напише адреса на латиница на плико, други пак, кои постојано испуштаат зборови преку своите муцки а тој ги заробува на хартија за да можат да прескокнат граници, мориња или океани.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Внимателно го одлепува пликото загледувајќи го од сите страни, марките, ама и ракописот што не ѝ наликува на Пелагииниот. чувството на страв се засилува во неа.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Чана стои под пенџерето, гледа надвор во белото платно на снегот, а едната рака сѐ повеќе и повеќе ја пика во пазувата, во топлината на цицките, стискајќи го пликото.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
„Честити војводо, - почна да чита Бојан откако го скина пликот, - си заминавме откај тебе, од твојата прекрасна планина, но не те забораваме.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Правоаголното бело плико сепак не би го ставал таму како експонат на перформансот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)