плискање (ср.)
Еден ден додека се печеше на сонцето потпрен со грбот на колипката и дремеше, чу плискање на весла и доаѓање на чун; потоа виде како низ трските се пробива кон него некаква жена облечена во црно.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Нејзин говор и додека длаби и во најдебелиот трупец, и додека го делка некој кежаво изврзан глужд, притоа само со звукот кажувајќи сѐ за длабината на дрвото, но за сето време постојано со она спокојство и сигурност, без да се промени ни една жиличка од ткаеницата на нејзините до невидливост незауздани движења, тоа ритмичко полетување нагоре и плискање надолу, докрајчувајќи го секој глужд, токму на ова место, каде што го подбрала пред себе, неотстапувајќи ни за милиметар в страна од своето цврсто сновење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Однадвор идеше малаксано џангарање во тенекиени садови, искинати разговори, плискање на чорбата во садовите и мласкање со уста.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Како да се скаменуваа в сон од плискањето на реката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)