плиток прид.

плиток (прид.)

Бидејќи живее во плитки води плашицата лесно се лови. Ја ловат рибари со мрежи, деца со ќепчиња.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крај една осамена врба, на самиот крај од трските, Мече виде три плитки чуна, врзани за врбата.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неморален морал Неуверливо уверување за продирање во длабочината на плитката морална димензија на совршенството.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
По нивните плитки води до каде ќе стигнам Слушам како умира времето Од есента во студот останува еден плод што праша со усните модри кај ќе стигнам.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Се мислеше дали да потпраша некој од домаќините за пита пастрмајлија или барем за скара, но веднаш се предупреди дека веројатно во гратчево питите ги прават само наутро додека работат фурните, а скара секако има во некој ресторан, но недостапен за плитките џебови на актерите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најнапред таа борба беше на хартија: Србите докажуваа со громки и плитки фрази оти тие имаат поголемо право над Македонија од Бугарите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
При второто врвење со тракторот, гледам плиток темел и наредени камења за ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Татонат преку нашите плитки окопи и ги газат борците, комина ги прават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како ноќе во ниедно време заедно со моите другари ги изнесуваме мртвите од бараките и коњушниците и во мракот ги закопуваме во плитките гробови...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од водата се накрева издишка, ти свири на уши, сол и јод ти лепи на устите, мене уште со прво ме потера на повраќање, сета сум ко ошумоглавена, воздухот ми станува плиток, не можам да го досегнам, не ми втасува дишењето,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
9. НА ВОДЕНИЦА БЕЗ КАМЕН НЕ МЕЛИШ ЖИТО - за тоа сал de jure го допираш лактот, а можело и без камен и на јаз плиток, па и во празна воденица de facto...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Напред десно плот, до плотот плиток бунар со камена ограда.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од едната негова страна имаше плитка длабнатина, во која сега седеше Винстон и која, кога биле градени становите, веројатно била предвидена за полица за книги.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа типичен претставник на својата епоха: носеше зимски капут од чоја, необично долг и широк, темносин шешир од филц со спуштен обод, широки пантолони со високи манжетни и светли плитки чевли, воочливо слични на ортопедски; околу вратот поради некоја причина му висеше кинески пешкир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дедо ме гледа одозгора: со некои плитки очи ме гледа, наплитко сум му застаната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се уморени, и ако заспијат сонот им е плиток: на секое лавнување на кучињата се разбудуваат, се превртуваат и поткашлуваат. Сѐ се слуша во тие зимски ноќи. 32
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Почина ноќе и на гробиштата под ритчето ноќе во плиток гроб беше погребот. Не даваше скрката подлабоко да се копа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стариот Архимед објаснувал нешто за математичките спирали, ама сега хиперболите и параболите се удавени во плитките води на новата историја.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Повеќе