плочка ж.

плочка (ж.)

Само што момата бојлер вклучи инспектор дојде струја да исклучи со ладна вода миеше коса мајка ѝ викна да не оди боса Плочките ладни реума влечат ѕидови пукнати треба да кречат татко без пари во возови на влеча а мајка ѝ 10 години во стечај
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Лекарите дотрчаа по Дејан во лежалката и од привидот сите се соживеаја со случајот и се прилепија кон валканите плочки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е камен што Сизиф го турка кон спортска сала; селска погача со мирис на метална плочка зашрафена во облак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таблите над плочките од подот беа поткренати половина метро, а тоа оставаше впечаток на отвореност која двајцата, додека молчеа со спуштени погледи пред себе, ја чувствуваа како простор изложен на провев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ене сум јас, извикувам, ене сум, залепена метална плочка врз мермерот која не ќе можам да ја допрам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше целиот во бела прав, но среќен, оти в рака ја држеше плочката од кал со отисокот од последниот збор наназад, а првиот однапред во текстот мерено!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги раскажуваше и убавите и грдите нешта, зборуваше за татко си кој сликал минијатури на плочки кои потоа ги украсувале кујните на богатите; тој умеел не само волшебно да слика, туку и да им раскажува приказни на своите деца за насликаното – за петелот и кокошката, за ветерната мелница и кравата, за млекарката и реката кои се појавувале на плочките под неговата рака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Змејко секако го препозна и по неговите тенки, прави раце, со долги жолти прсти, со кругли плочки на необичните нокти, со кои оној побара нешто од него. Беа две пегави раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Есенцијата си го направила своето. Од главата паднале девет коски, нешто во форма на желкини плочки, мозокот цел се отворил и се гледало како пулсира, дише.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Стегам повторно. Му ја акнувам тиквата од плочките...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А крвчето понекогаш ме потсеќа на својата спротивност - на металната идентификациска плочка околу војничките вратови која по смртта на војниците им ја ставаат во уста. На непријателските војници, се разбира.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Филозофот ја собираше водата од карпата, правеше кал и потем, од калта сочинуваше плочки меки; потем се качуваше во кошницата што беше висната над бездната; од кошницата, исправен, на прсти од нозете истегнат, со прсти од рацете сосема испружени, со крајни сили ги лепеше калните плочки врз првиот ред и добиваше отисок од сочинението.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слизнаа дебелите фар мерки, застанав боса на плочките, вшмукувајќи ја студенината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Другите размислуваат за употреба на ‘интелигенцијата’ на компјутерот како интерна протеза: „Минијатурните плочки од силикон ќе ни овозможат моментно знаење на странски јазик или на теоријата на релативност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакаш лубеницата да е со црвено месо или со жолто, прашува тој но не чека одговор, само можат да се слушнат неговите влечки по плочките а малку подоцна нешто му кажува на Циган.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едноставно нејзе, О, многу ѝ се допаѓале, рече и ги покажа белите плочки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Рада заѕвоне на вратата на која на месингана плочка стоеше името на семејството Крстиќ. Љубезната домаќинка ја отвори вратата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наоколу голи ридови, сив крш. Ниски, стари куќи, градени со камен и покриени со камени плочки и стари керамиди.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе