побогат прид.

побогат (прид.)

Мајка ми имаше само еден брат и живееле кај баба ми, побогато.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Уште при будењето го здогледував нејзиниот лик, потоа неколку часа одеше да ги риба подовите кај некои од побогатите семејства, а откако ќе се вратеше остануваше крај мене, и само на кратко се оддалечуваше од мојата постела, за да го потсреди домот или да зготви нешто.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И пак месото им останало наежено: руменилото паѓало на чисти и здрави кожи, можеби тоа ги закитувало младите образи и во мразулчави јануарски дни и ноќи, секогаш, на ветар и под виулици, како ни од претскажувачко жолтило што не се ослободувале старците, посебно побогатите, по низа години без допир со надворешно струење на воздух и со навики за севозможни уживања во затворени одаи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ама сѐ побогато и побогато се живее, - ми вели тој. – Сега човекот живее два живота, - ми вели.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во пуста печалба беше замината речиси целата класно – географска структура на нацијата: здрави селски момци кои што во енклавата викана запад ги работеа најцрните работи, поосвестени луѓе кои не сакаа децата да им растат во земја која ја водат Тодоровци и Стојановци, а побогатите семејства кои го сметаа Стојан за неизделкан простак, ги испраќаа децата да студираат во странство, со тенеденција да останат таму да живеат.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И карваните со сѐ побогати и пораскошни дарови, непрекинато ја искачуваат петринската планина и се спуштаа во благото преспанско поле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ќе ги оплодиш овошките со насмевка на најскромен градинар ќе стане побогато твоето утро.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Се случуваше во гробовите на побогатите луѓе или кај оние што биле мераклии за вино, та му ставиле во гробот да му се најдат на тој свет, - да се откопаат и по триесетина шишиња со вино, кое одлежано неколку години, имаше прекрасен вкус; шишињата се пиеја заеднички за душа на умрениот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ти ни го одредуваш патот на зрачните надевања дека е побогат и еден убав потез со раката насочена во вистинско место од сета залудна тревога што дните ни ги исполнува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Аурата на човекот може да биде многу поголема. Духовно побогатите луѓе, се помоќни: затоа можат да владеат и со многу народ.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
После овие доживувања, до крајот на животот останал со уверување дека хемиските средства можат да предизвикаат мистични состојби на свеста и побогат духовен живот, што делумно може да се сфати и како израз на неговата личност, длабоко заинтересирана за религија и мистицизам, особено пред крајот на животот, кога и експериментирал со дрогите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Побогатите некако му плаќаа на Лумана, но сиромасите, а такви во селото беа повеќето, немаа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денес, тој пее повеќе од секогаш. Ние сме сигурни дека за бргу ќе ни дојдат до рацете и нови, уште пообемни и побогати, збирки, нови рожби на нашата прочуена македонска народна поезија.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Вук Караџиќ, како исклучителен лингвист на своето време во дослух со европскиот лингвист од тоа време Јернеј Копитар, веруваше дека побогатиот лексички фонд на еден јазик има поголеми можности да продре во најразличните семантички нијанси.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нештото, што завладеа со него, не беше ниту господар ниту тиранин што изнудува данок или бара покорност, тоа беше исполнет благослов, материјализиран благослов, тоа беше битие во битие, побогата и поголема чувствителност, универзум поблескав од чувствата и од емоциите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не се воздржа а да не заклучи дека, кога веќе би се работело и во неговото бившо претпријатие, сите би биле побогати, со поголеми лични доходи, со подобар стандард.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мислам дека поинакви рамки можно е да се бараат само вон христијанската традиција која го фиксирала нашето чувство на тело, потаму на исток и во традиционалните општества воопшто коишто развиле побогата традиција на телесни техники.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единствено ја препознава осаменоста. Уште побогата со тишина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се знаат ли работите на селска домаќинка, особено во побогата куќа?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе