повела несв.
повели св.

повела (несв.)

Мека повела му ѕвечеше сега во гласот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Нешка одеше, си работеше што ја повелаше мајка ѝ и татко ѝ и сѐ некаква зла волја ја потискаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во тоа време децата од преку-преку-дедови ни биле многу лоши; не ги слушале таткови си и мајки си, а пак татковите и мајките ич не ги повелале, триста лошотии правеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нивната сила се виде. Народот разбра со кого има работа, та тешко ќе биде сега да се повела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само лукот и катранот ќе помогнат, вели, ако не е повела божја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас се инаетам, ама сѐ било повела божја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повелете – покажа тој со рака и тргна пред нас. На врата нѐ пречека млад келнер.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
После пак, кога поминаа многу години, се најдоа и по божја повела 70 мажи, што го преведоа од еврејски на грчки јазик*.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити. Со тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѕвезда почна вчудовидувајќи нѐ сите: - Господ посакал во својата повела да има земја и небо и прво ја направил земјата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Читајќи некои книги останати од татко му, велеше: Човекот е најситниот дел на вселената; него вселената го создава и го повела; секое раѓање на човекот се обележува во вселената; каков ќе му биде животот на човека, зависи од времето во кое е роден и од законите што владеат во тоа време: тие му ја одредуваат судбината, здравјето и должината на животот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ноќва не спиев и пак сонував. Карпиве околу нас несреќа ги повелаше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Стани... - му повела Панде и му ја тргна чергата со која беше покриен.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му се потчинував на тоа по повела на некој неминовен ритам заложен во моето раздвижено суштество, и ако само малку ја нарушев правилноста, поради расејаност или поради каква било моментна пречка, го чувствував тоа како непростима грешка, и ми идеше да се вратам назад да си ги приберам нишките на своето одење.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Поправо, тие сакаа да си седат дома покрај жените, децата и стоката, како што си седеа старите петстотини години дури повелаше Турчинот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Рода, не рода, јас повелам овде! — ѝ се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ние така; ќе си бараме некој калнокапец, ќе си го земеме домазет, ем ќе си го повеламе како шо сакаме, ќе нѐ слуша. Сака нејќе, ем дома ќе си седиме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Топла чорбичка ли сакаш, чинии има, да легнеш ли сакаш, повелај - креветчето и јамболиите те чекаат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Тој ќе ме повела! рече штрбавата насмевка, оној чуден грч што ги плаши луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе