повик (м.)
Мајка го оправдуваше заминувањето, оддалечувањето од родната земја само ако тоа беше со Божјиот повик за да се сподели својата внатрешна болка и сопственото страдање со она на најсиромашните.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Живи не се давајте! – викаше пукајќи пред него, а во воздухот одѕвонуваше гласот на Никола, како двоен повик: еден на јуриш за дофат на слободата, а друг за скок кон смртта но храбар, бестрашен скок, скок кој носи слава.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ако било време на сенокос, час кога пролетта е нападната од омарнина, копнежливоста на дивите треви ќе му ја раздвижела крвта на добитокот, дење да го наслушнуваат со мудрост на изморени рабини љубовниот повик на птиците, ноќе или пред мрак да ги влечат воденичките камења и да се удираат со рогови погрешно спрегнатите деснаци и леваци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повикот на природата поставува свои правила на игра.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И Татко и Камилски не можеа да се сложат се тезата произлезена од балканската литература на времето, која имаше влијание врз институциите на идните времиња, во врска со терминот на курбанот дека постојат два света помеѓу коишто нема и не може да има вистински допир, ни можност за разбирање, два страшни света осудени на вечна војна во илјада облици..., потоа еуфемизмот на пеколната неслога, повикот на незапирлива борба со ветување дека курбанот, односно прекрасните жртви ќе бидат залог за поубав живот на некои далечни поколенија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во таа жива и занесна, толку драга какофонија на гласови шумови, џагор, ведри повици, цивкање на деца, од некаде се слуша тажникав звук на вергл.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со оглед на неговите политички насоки, феминизмот личи повеќе на реформистичко отколку на револуционерно движење, бидејќи неговите политички цели се мошне конкретни и не е тешко да се предочи нивното постигнување; овие цели се промовираат со повик кон раширените морални интуиции за чесноста.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
5. СТАНУВАЈТЕ МРТВИ ЖИВИТЕ ДА ВЛЕЗНАТ - при тој повик во гробиштата би настанал метеж не за кој прв, кој последен да падне во бездна, а кој побргу од бездната на површина да светне...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Девојката беше повик на минатите епохи.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нежниот сопран на мајкиниот повик го одлепува детето од ногата на Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Обесен во некој агол на неосветлената соба Има таква ноќ кога цигара по цигара Стигнуваш ненадејно до некои полноќни дождови А потоа одново слушаш како удира часовникот И го препознаваш во неговиот глас Оној сетен повик Таму некаде, далеку во иднината Кога си играат дечиња и ја типкаат земјата врз тебе И во прекрасна ноќ бараат светулки среде бујнатата трева Што те покрива на ридон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Трошноста на старите мерачи на времето трепери од повикот на неопходниот збор – не само во безбројност на заминатите исчекувања, туку и во коприната на воздушестиот превез кој ни го замаглува погледот додека го набљудуваме времето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Не случајно сум ја напишала оваа песна. Предводник на повици.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во своите кристално едноставни и директни поетски повици, во чудесната синтеза меѓу индивидуалната поетска судбина и колективната палестинска меморија, во своето пеење Махмуд Дарвиш супериорно се надоврзува на големите медитерански митови, како и на арапските од предисламската епоха.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со наша пушка стана војник и трчаше на повик на наша борија, сега пцуеш.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Повикот на природата е главна влечна сила што неуморно го привлекува човекот кон единството на природата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Секогаш возвраќа на телефонските повици и никогаш нема да ја откачи твојата покана за средба, без оглед станува ли збор за дружба или за неволја.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Очекуваше повик од болницата која требаше да ѝ ги соопшти резултатите од биопсијата на Томо.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)