повит (м.)
Гласот е црн повит со корен во некој гроб.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Заседнале во ендекот затскриени од клениките и повитот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Околу чадот почнува и пламен да се витка, нагоре, да полазува како повит.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Секоја недела доаѓаше цвеќарот, секој празник Да ги окопува овошките, да ги крои Да го корне дивиот повит по ѕидовите.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Смеата на палјачото. Таа последен пат ќе биде повит, црвен и врел, заплеткан на острицата на ножот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
А во Дрмине сето поле беше јавнато од трње и од повит, од батачки и од шамак, одевли и од врбушки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Знаци дека тоа ќе го стори, се виделе кога Андро од некое време зафатил да прави јамки од секакви нешта што ќе му паднеле в рака: од јаже, од жица, од повит, од синџир.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од повити не можам да се ослободам.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
По трапиштата и излоканите места растат ниски, жилави, опори растенија: глог, шип, дрен, капина, повит, - прилагодени на скуден живот и осудени да ја држат земјата по падината да не се рони, да не ја свлечкаат дождовите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)