повлијае (св.)
Таа никако не повлијаила врз судбините на соседните народи, а била арена на политичка и културна борба меѓу разните балкански народности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Меѓутоа тој посочува пат што кај нас не беше возможен: усното творештво, подложно на профаните елементи, лесно го асимилираше и новиот книжевен материјал од преводите за тој, дури потоа, да повлијае, веќе еднаш асимилиран, врз новата пишувана литература.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Од разговор со журналисти јас чув оти г.Станчев правел обид да повлијае на нив, но неуспешно.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
На крајот се разбра работата од каде беше: Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тие околности можеле да повлијаат таа да се однесува онака како што се однесувала во сите изминати години.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Американските и британските надежи дека ќе можат да повлијаат на настани за да се намали германскиот воен притисок врз Британија, завршиле без успех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Чекаше да почне учебната година да види како ќе повлијае училишниот живот на нејзиното здравје.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И наместо таа – Мигар – да повлијае на Анѓа и да ја наговорува да се потурчи, Анѓа нејзе и откри една вистина од која оваа се потресе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)