повремен прид.
повремено прил.

повремен (прид.)

Во центрите на цивилизацијата војната не значи ништо повеќе од постојан недостиг на потрошни добра и од повременото треснување на некоја ракетна бомба која може да однесе неколку десетици животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го слушав дрангарањето на рачната количка во која ги товараше камењата и повременото цвичење на неподмачканото тркало.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па така, работниот ангажман за вршење на јавни работи, како и сезонска и друга повремена работа, од претходно утврдениот максимум од 5 работни дена во текот на еден месец се зголеми на најмногу 90 дена во текот на една календарска година.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во библиотеката го чекаше стоплениот стол, отворената книга и незаинтересираните тилови на другите читатели, наведнати над својот дел од масите додека во тишината на читалната се слушаше само повременото превртување на страниците.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го сакаше зашто ним им ја оставаше радоста, додека грижите и осаменоста ги носеше со себе во кројачкиот дуќан, ја разбираше секогаш, а ја прекоруваше само со поглед, го сакаше зашто сакаше за сѐ да разговара со неа, го сакаше зашто го гледаше колку му недостасува мајка ѝ, а при тоа го гледаше како ги задушува емоциите кои излегуваа само во вид на повремени, несвесни воздишки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не му недостасуваат дури ни повремени катарзи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спиењето беше како повремени возења со тобоган низ вртложни калеидоскопски предели.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мојата несигурност се протегаше и на таа страна: Дали се работеше за нејзина цврстина и несебична поддршка, или се работеше за тоа, откога и таа ќе дојде во Маказар, конечно тука да завршат нашите повремени меѓусебни растргнувања што се јавуваа во последно време?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Подобро се сеќаваше на ненормалните неспокојни околности од тоа време: на повремените тревоги поради воздушните напади и на криењето во ходниците на подземната железница, на купиштата урнатини на сите страни, на неразбирливите прогласи излепени по уличните агли, на бандите млади луѓе сите во кошули со иста боја, на огромните редици пред фурните, на повремените престрелки со автоматски пушки во далечината - над сѐ, на фактот дека никогаш немаше доволно храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во секојдневните претпладневни звуци што го огласуваат животот во планината: црцорот на штурците и скакулците, брмчењето на пчелите и мувите, повременото шепотење на кориите низ кои мрзеливо се провлекуваше утринското свежо ветре, ѕвонежот на невидливите стада, - Бојан насети и брчење на автомобил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дури и повремениот мрморлив глас на мајка му, што однадвор допираше до него, му звучеше необично.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во 2007 година е воведено и работно ангажирање за извршување на јавни работи, сезонски работи и други повремени работи на корисниците на социјална парична помош.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кога заврши претставата, со грмеж во салата (дали како сценски ефект или како ровја над градот, не беше јасно), а светлата се запалија во гледалиштето, актерите излегоа пред спуштената завеса, избледена и излитена, па долго и длабоко се поклонуваа пред публиката измамувајќи само млак, пристоен но повремен аплауз.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Роден Мегленоски само ги забришуваше очите, зацрвенети од тутун, од ракија и од повремено расплакување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Треба да се сочека и да се долови „мигот“ глетката, богот на светлината драмата на преобразбата душата на ситниците магијата на битието...  Токму тогаш кога ќе го дочекаш него кликни  - среќата прости - уметноста е во повременото      нарушување на              несовршеното! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Фаик Коница поддршката на Гијом Аполинер ја сметаше како да ги имаше зад себе сите врвни европски институции кои со векови не можеа да го разберат Балканот, освен по својата дива егзотика, мистериозни јазици и племиња со средновековни обичаи, по повремените варварски пресметки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сѐ повеќе се тетеравел со отворена уста и без здив (со секоја воздишка ножот самиот од себе подлабоко се забуцувал в месо) и со цели стапалки, тврдо, несмасно, удирал по земјата, врз која, божем таа се ниша под него, со повремени ширења на рацете се обидувал да сочува рамнотежа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како и да е, искуство од 10 фунти на нередовна база не е доволно за развивање 84 зависност, ниту за да биде толку лошо како во новелата на Вилијам Бароуз (William Burroughs) со симптоми како вознемиреност, тресење, потење, хипертензија, спонтани ејакулации, губење апетит, неконтролирани напади на дијареа, повремени грчеви на дебелото црево, итн., со постепено смирување од над пет до осум дена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе