поврзаност ж.

поврзаност (ж.)

Се разбира, овој збор во денешната лингвистика добива некакво значење на употреба само во историска смисла, особено кога се трага по состојбите на старите јазици и се мисли на нивната поврзаност и сродство!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чанга по цели денови ги читаше татковите книги за козите и нивната поврзаност со животот, додека тие бели божици во неговите очи ја собираа зелената покривка на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овде Њуман прави дистинкција помеѓу проценка базирана врз чисто академски критериум и проценка базирана врз други елементи, сакајќи да укаже на тесната поврзаност на проценката со културата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Токму таквата поврзаност ја издига уметоста на позиција на релевантен фактор при потрагата по смислата на постоењето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во тој миг не можеше да ја разбере нивната поврзаност во свеста на Мајка. Очекуваше некакво објаснување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога се случи, со клуч од една од одамна напуштените куќи на семејството, да ја отвори вратата од куќата крај реката, Татко, барајќи го постојано вистинскиот клуч на животот во новите предизвици на егзилот, започна да верува во Мајкината метафизика на враќањето, во нејзината поврзаност со Севишниот...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко ми насетуваше дека за партијата и за власта работат институти со специјални задачи да се навлезе што подлабоко во причините за поврзаноста помеѓу козите и луѓето на Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше некаков умилен занес што го ослободуваше човекот од болната поврзаност со реалноста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ослабуваше со години нејзината поврзаност со сите нејзини синови и со ќерката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби тука лежи тајната на поврзаноста на мајката со детето – таа го гледа како дел од себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
овие станбени области со ограничен пристап и класната, расната и културната исклучивост која тие ја носат со себе претставуваат директна закана за „поопштите идеи на граѓанска заедница, комшиска поврзаност и заемна поддршка“.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Саркањац тргнува од фактот дека за модерната идеологија е неопходна нејзината поврзаност со науката, дека идеологијата како корпус на знаење всушност секогаш стреми да се легитимира како наука.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од деконструктивна перспектива може да ми се случи да кажам глупост или бесмисленост за оваа или онаа научна парадигма или за оваа или онаа поврзаност на некој филозофски систем. За тоа може да се дискутира.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ги пакував книгите и испишаните хартии, мојот кутар есеј остана незавршен. Поставени беа основните тези и дури некои од нив разработени за природниот амбиент и неговата поврзаност со секојдневието на луѓето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Објективно и не можеше да се најде никаква поврзаност со службувањата на Фетхи Окјар и некогашното татково службување во француската команда во Подградец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој забележува дека фразите доаѓаат во фамилии, често бинарни фамилии, и тврди дека една фраза го има своето значење благодарение на нејзината поврзаност со останатите фрази од таа фамилија, и, особено, поради нејзиното разликувачко место во фамилијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кои се структурните одлики на свеста? Како ние го објаснуваме несвесното и неговата поврзаност со свеста?
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ова е граѓа за народскиот стереотип. ‌Можеби баш затоа, ако со безизразно лице тврдите дека машката хомосексуалност подразбира збир нестандардни културни практики, а не само некои нестандардни сексуални практики; ако приречете дека постои некаква машка геј- култура, ако навестите дека мора да има некаква поврзаност помеѓу некоја конкретна сексуална определба и некаква наклонетост кон извесни културни облици, веројатно луѓето веднаш ќе ви се побунат, ќе наведат илјада и една разни причини зошто такво нешто е невозможно или бесмислено или навредливо и зошто секој што мисли поинаку е заблуден, сосема старовремски, морално сомнителен и политички неодговорен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јас тоа не го реков, мој Камилски, туку ти тоа убаво го насети: постои поврзаност помеѓу балканските јазици, наспроти тенденцијата за создавање вештачки меѓународен јазик за сите и јаничаризмот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе