погреб (м.)

Потем, пред погребот, во капелата, го донесоа во лимен сандак. Рекоа: не може да се отвори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во папката што ја носев со мене имав и една фотографија од погребот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И по погребот дождот продолжуваше да плуска и да го натопува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Погребот бил настан што мора да се почитува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На таков погреб би позавиделе и императори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За сите други податоци препорачувам да му се обратиш на Боге од Бањи бидејќи и самата знаеш дека тој е нарачателот а можеби ќе биде одговорен и за погребот“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Или е во прашање некој вид погреб на некоја негова прикриена надеж?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сигурен сум дека во ранецот го има насобрано сѐ она што е потребно за да може еден погреб да се изведе според воспоставениот ред.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другари се нешта кои можеби му се случуваат на мојот внук, роднините ги среќавам само на свадби и погреби (ги избегнувам и едните и другите), а тебе, тебе би можело да те избегнува само моето бесчувствително минато.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Дојде на погреб наместо мајка ми и ме погали по глава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас сум жена на брат ти, реков. Тука сум по погребот на тој брат.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Почина ноќе и на гробиштата под ритчето ноќе во плиток гроб беше погребот. Не даваше скрката подлабоко да се копа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
XXIX Свинската чума одново се јави во селото, зафати да се шири, и од свињите да се пренесува на луѓето: започнаа луѓето нагло да умираат; секој ден се огласуваше камбаната, секој ден имаше погреб; заразата се ширеше од еден на друг: ги зафаќаше луѓето силна треска, висока температура, огница, паѓаа во бунило, им се воспалуваа дробовите, им се надуваа очите, по кожата им се нафрлуваа темни дамки, бубулки, кои расцутуваа во гној и се распаѓаа; им се воспалуваше грлото, кашлаа непрекидно и длабоко како да рикаа корнејќи ја утробата; им отекнуваа жлездите под пазувите и на вратот и не можеа да се помрднат; жлездите им загнојуваа, им ја труеја крвта и умираа во тешки маки.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие оружјето го закопувале во јами и нормално сламата им вршеше работа како погреб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Сосема заборавив дека сум на погреб, а една од душичките што дишеше шумно зад мене, се накашла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев спречен да присуствувам на погребот на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Знаеш дека сѐ е завршено, сѐ е готово, во тебе се одвива погреб, во твоето срце, со луѓе во процесија облечени во црно, тие го оплакуваат умрениот, а тоа си ти, а ти сѐ уште си жив.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако уште на погребот видов дека не се труди да прикрие дека не е верник, па дури и дека не се плаши од тоа да биде некому трн во око со тоа што не носи црнина, сепак помислив дека решила да остане подолго за да го испочитува редот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе