подбива (несв.)
Сепак ми се стори дека се подбива со првиот ден на мојата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
3.
Време, Човек
Драма, Сатурне:
Јас станувам носечки лик, противник
Ти почетна сила, нагон кон целината;
Јас тапкам одовде-донде
Ти кружиш цикличен, прстенест;
Јас им се подбивам на повторувањата
Ти повторуваш, ретко но редно
демонски син-хроничен, цел;
Јас бришам, ишкам епохи, слушаш ли,
епохи, ех да можам да летнам
Ти гледаш од високо
пишуваш и леташ.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Подбивај се со мене, со мојата чест, но пред да заминеш врати ме онаму од кај денеска ме зеде!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
И трите жени отспротива останаа на местото поднасмевнати и среќни што можат да видат вакво чудо - Џорџ и Жабе да се подбиваат со добротворот Симон Поцо, важниот писател кој малку- малку па нешто на машина пишува истопорен на балконот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И твојата земја убава со друго име пред тебе да ја крсти, прекрстуе, коските свети народни паднати за слободата, од гробот да ги скорива, по сокак да ги разфрла, и со нив да се подбива, а ти да гледаш со очи да гледаш и да црвееш и нити збор да не можеш да кажеш, да му одвратиш.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
Ти се подбиваш со мене, зашто знаеш дека јас сум сираче, дека нема кој да ме заштити!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Само, би сакал пред да се здружи со вас, да ви го речам ова: мнозина од вас се подбиваат со него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Мило, малечко, не се плаши! Не трепери... Јас ќе ти бидам мама...“ - шепотеше, откога се пооддалечи и беше сигурна дека никој нема да ја чуе, дека никој нема да ѝ се подбива, а врапчето лежеше беспомошно брз нејзината дланка и само трепкаше со оченцата.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Туку јас се расприкажав. Таму горе, заради подбивањата, јас повеќе молчам, а Вие се покажавте така љубезен да ме ислушате и... јас се заборавив.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
СЛУГАТА: Не се подбивам. Јас заминувам… Дај ми прошка и ти давам прошка.
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Чаршијата ѝ се подбиваше отпрвин, гледајќи ја прослукана, црна и подведена, со прост недоделкан бастун во раката.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На сѐ живо му се подбиваат. Инаку, верувај ми, не се лоши.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
И не само тоа. На очи се подбиваат шега на сите нас – муслиманите – дури се фалат дека не сме можеле да ги налегнеме нив како другата раја – заврши Селим со своето раскажување за слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На оние што сѐ уште се подготвени налутено да се присетат на „турските ѕверства“, ќе им одговори Владимир Соловјев: „Турските ѕверства ние ги помниме, а зарем одамна во Русија, па и во другите земји, сопствените турски ѕверства исчезнале?... а што се однесува до вашите христијани и нехристијани, за жртвите на сите ѕверства la question manque d’interet (прашањето е лишено од интерес): ако мене некој ми ја гули кожата, јас нема да му се обраќам со прашањето: од која сте вие вероисповед, милостив господине? - и ни најмалку нема да бидам утешен ако се покаже дека луѓето што мене ме мачат се непријатни и неугодни не само за мене, туку згора на тоа, како христијани, гнасни се и за својот сопствен Бог, со чиишто заповеди се подбиваат“. 10.08.1992.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ги најдов. Инаку ќе ми се подбиваа дека не си ја познавам домата.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И уште му се подбива... Но ако - тој не ѝ се лути.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Подзина, се прекрсти во мислите. Господи, без глас шепотеше. Господи, претешко е подбивањето за моиве плешки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Орце, кога скоро бил во Кукуш, наводно, ги исмејувал луѓето на Организацијата, а некои други гемиџии се подбивале со владичката круна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)