подбив (м.)
Тие сега ќе добијат крилја и нивната агресија ќе расне и нивниот подбив ќе се шири.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но тој ме зема на подбив и само ме јаде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Еден шепотел дека сиромавиот премногу знаел за животот, него го учел од свети книги некој калуѓер, друг рекол дека ќе му ја земе на покојникот амајлијата од под гуша - земја од три рида в крпче, таа земја чува од болештини, трет со горчлив подбив прашал дали амајлијата го сочува старецот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И никој поради тоа не ги осудуваше, не ги презираше и не ги земаше на подбив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јас некого запамтив, па дури и сега гледам смеа и подбив во некои очи и нека бидат сигурни дека ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки, а можеби, дури и многу строги.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
А таа измешаност на болка и црн подбив кон жените и кон мртвите, или кон некои трети, што се живи и мртви, е нивен крик и нивно кикотење.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Денес што е за подбив и смешка Со утрешна смисла в миг го озаконува.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Не пукнуваат, ама спласнуваат, зашто со време гледаат дека на нивните фалби луѓето гледаат со подбив.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не обѕирајќи се на гаврановиот подбив, Жеро Жерав воспостави мисловен допир со мене: Ми даде повеќе од колку што ми беше должен.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Таков и бев, зашто не сакав со подбив да му одговорам на таванот.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
„Што?“ рече како да е изненаден, но и со тон на подбив, како што во еден миг му се пристори на авторот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И навистина, еден коломенски позорникар со сопствени очи видел, како што се разјаснило, зад една куќа привидение; но бидејќи по својата природа бил слаб, така што еднаш обично повозрасно прасе, откако излетало од некоја си приватна куќа, го соборило наземи, на громка смеа на кочијаши што стоеле околу него и од коишто тој побарал по еден грош за тутун поради ваквиот подбив, и така, бидејќи бил слаб тој не посмеал да го запре, туку така си одел по него низ мракот сѐ додека привидението наеднаш не се свртело и, застанувајќи, не прашало: „Сакаш нешто?“ – и му покажало таква тупаница, каква што тешко ќе најдеш меѓу живите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме изложи на подбивот од многумина пријатели, и стрејт и геј.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Жена му на Танаил, слушајќи ги тапаните и свирките, пеењето и викањето во дворот на Китан, велеше со јад во душата и со подбив: - Ха!
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Чаршијата и така е терезија на слабостите човечки, на мајтапи и подбивки, ама и дувло на божемни силници кои дома тенко предат како мачори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Воздухот небаре се загадуваше од тоа тесто на подбив и напернатост, плитки смешки и срамен кикот, наменет за врзаните и нивниот разголен пол.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)