подзаборави (св.)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И после ќе подзаборавам на болката во устата, во главата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Рацете го подзаборавија пакувањето, и замислував како со неизмерна гордост стојам на таа француска тераса, тој таен знаковен орнамент.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А сега овие новите, по неговото уривање, кои се прават демократи и европејци, нѐ подзаборавија... – ни се пожали еден долгогодишен Врбниченец кој сега живее во Корча.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Беше на едно високо скеле, сега веќе ѕидар, а некаде во него, вкоренувана низ сите оние изминати години, долги, од неговото детство, почна да ги подава своите отровни повитки, една ужасна бездна, да се отвора и да се длаби пред неговиот поглед и да не му дава мира да се размавне и да работи, како што знаеше тој, како што работеа сите други мајстори, и во сонот опоменувајќи со длабочината на провалијата под него, ниеднаш не позволувајќи му да подзаборави, да си ја сочува онаа свикнатост со не.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И така беше го поминал целиот бел свет, оној старец, оној бригадирот Језекил, сиот бел свет, кон кого имал толку малечки барања онаа првата утрина, кога заминувал првопратено; со една тајфа тој отиде дури и во Канада, но ни онаа, другата страна отаде Океанот не сакала ни да чуе да биде малку подарежлива спрема него, и сега веќе не постоеше нидно место на светот, кое што не беше запознато со тој заговор: на она ситно човече од мајсторските тајфи да не му даде ништо повеќе само толку колку што му беше најнеопходно, не водејќи сметка за неговите крвави соништа барем еднаш да може малку подолго да здивне, барем еднаш малку да подзаборави на својата тешка копанка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Арно ама, изгледа подзаборавив. - Еден ден татко ме праша: - Што учевте денес?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тоа малку го занесе та подзаборави на страшните мечки што чекаа во претсобјето.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)