подземје ср.

подземје (ср.)

Моите пријатели - сликари, писатели, интелектуалци - живееја во среќна опозиција на режимот, сите дисиденти, сите во подземје...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вака ако затера, богами, виртуози ќе станат, авторитет на лажните појави, таложејќи си го по страна својот капитал, како сталагнити или креч создаден молкум, полека како во подземјето на глечерите во македонските длабоки јами, многу далеку од очите на работничката класа.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Онаа која признава само подлоги влажни и мрачни, подземја непожелни дома, избива одненадеж како пожар лази по таваните божем по одбрано небо без брзината на лебарките глувците и осите. Неприлагодена и грозоморна без митологијата на старите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таму е темно и попелишта само од пресушени мориња Небото распнато на крст се ниша И глас од подземјето вие: - Лош знак е душата себе си кога се моли, И кога човекот остане само со сенката бледа, Зашто тебе во ова соѕвездие те нема – а те гледам, Некаде си – но, каде си, Андромеда?
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дарко му веруваше и веројатно ќе му се довереше ако припаѓаше на некоја од групичките на политичкото подземје, барем така резонираше Александар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Неколку минути потоа, веќе слегувавме кон западната одаја во подземјето на храмот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со забелувањето на утрото, брз како невестулка, се пушта во подземјето и таму неколку часови, не знаејќи за мера, паѓа во полна исцрпеност на своите сили.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Седумте смртни греови суетата, многубоштвото, блудот алчноста, слабоста, охолоста, злосторот прераната смрт и поделбата на раси и класи крволочноста, разбаштинетоста подземјето и теророт, сѐ во име на народот и правдата Платоне поредокот е устроен од човек за уметност е настроен, за појезис за вешто строење жални и страшни собитија митови и митарења - што дека ечи заносно стремежот по идеалното дело космичко Божјо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Во темнината на подземјето фаќа и кине нечија кошула.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За чубур крв смртта ќе штрека со голите заби нечуен акорд, за крв и за куп жили и за коски подземјето со татнеж ќе ја разгласи хероиката на непостоењето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но кога на титлата, богот на подземјето се појави како Хејдис, ќерка ми Лара реагираше: Тоа не е вистина! Каков Хејдис? Тој се вика Ад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Злобното јазиче на пламенот веќе се движи по тенкото тело на фитилот кон длабочината на подземјето. Зар започна она, главното?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Како што стравот во мене расте така полека сфаќам дека ова е привид, дека јас се наоѓам врз вулкан кој туку што не почнал да блуе црвена, крвава лава и сакам да побегнам, што побрзо да побегнам оти веќе слушам подземјето татни.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
3. Горниот свет Неартикулирана камена композиција втисната на Гарван, черна древна птица затскриена зад брезите, дабојте, черешните меѓу трепетливиот и див отсјај на небото двосмислена како поетски знак и живописна а ние - недораснати да ги разбереме мегалитските, сакрално елементарни глетани семи на минатото само ги посакуваме, и - приседнуваме на Плочите небаре во неправедно студениот скут на Господ кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу во подземјето полно мицелиум и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Забраната ги поттикнува малолетниците на уживање дрога и нејзино продавање со тоа што создава подземје во кое истите тие малолетници можат да остварат таква заработувачка која е невозможна во легални услови.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе