подлактница ж.

подлактница (ж.)

Тие би продолжиле уште да редат, како кукавици на мртвен, ама Фоте, а по него Боге, ги покажуваат рибите држејќи ги за опаш, така што тие вака издолжени навистина се чинат големи како машки подлактици.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Претставувајќи си го, човек секогаш гледаше слика на колена со дупчиња и ракави подвиткани над дебелушкавите подлактици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговата подлактица, што беше без влакна и несмасна, се спружи преку полираниот махагони и со раката што беше искасана од пчели ја стави чашата под носот на Даниел, Даниел го истури вискито в уста и со јасно и заповедничко чкрипење ја стави празната чаша на масата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Белезиците се празници! Светкаат на подлактиците Ослободени алки од душата на громот во ноќта на секавиците“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Белезицата беше на нејзината подлактица додека го послужуваше со кафе!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Четворицата на грбовите преку половините носат стапови, ги прикрепуваат со рацете префрлени преку нив и свиткани во лактите; и додека подлактиците и дланките им се маваат небаре скршени, полите на ресачките им ги развева ветерот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сеќавав како ѝ поигрува крвта под меката кожа додека ѝ ги галев подлактиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Махинално погледнав кон левата рака – по кожата на подлактицата се сјаеја влакната навлажени од пот, но „Nevada“-та не беше на своето место. Зошто?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Немаше што да се бара повеќе, Јован ја истурка земјата назад во дупката, го избриша челото од потта со подлактицата и го тргна перчето како праз права коса.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)