подмести св.

подмести (св.)

Ваквиот негов став секако бил овозможен од големите и необично значајни општествени поместувања што се вршеле кон крајот на XVIII и во почетокот на XIX век.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Кога се правевме дека таа се загледала низ прозорецот надвор, а јас преку главите на патиниците на задниот крај на автобусот додека јас ѝ го подместував и таа му се подместуваше со помошта на движењата што ни ги овозможуваше клацкањето и нерамномерното одење и подзастанување на автобусот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И, додека се групираа во поворка во неколку реда чекајќи да свирне кларинетот, се подместуваа и погледнуваа во бовчите кои ги носеа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Грдан ја одложи чашката и се подмести за изненадување, иако изненадувањата на Грозда секогаш доаѓаа од онаа страна од која најмалку ги очекуваш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Таа, нервозно гледајќи низ ходникот, забрзано ги менуваше волнените со чорапи со подвезици (надвор беше кочан ладно), го подмести кожниот корсет вешто скриен под облеката, ја натна маската и конечно влезе.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И немаше... по неколку месеци, Кизо ѝ се придружи на Родне, а сликата од Роска ја подместија подолу зашто на нејзиното место го залепија Кизо, како помлад, со сѐ уште црна коса на која само зулуфите му беа прошарани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нервозата ми ја нагризуваше трпеливоста. Нетрпеливоста ми се подместуваше во замена за нужното спокојство.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Заколете ја, вели тој што им е како главен, војвода. Тие ги подместуваат штиковите, а кладенчето си ромори, небаре низ уши да ми поминува. 195
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Седна на столчето спроти мене и го подмести стомакот, кој се подели на три гуми за спасување. И на папокот имаше „пирс“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога таа виде дека ѝ следи храна, само леко се подмести со предните шепи и продолжи така отсутно да ме гледа.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Значи, тебе Јорданка, ти умрел мажот ти? - ѝ се обрати на тетка Јорданка којашто ја поднеместуваше фотографијата на дедо ми ставена над телевизорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Влези, влези зете“, го покани во собата и го седна на фотелјата подместувајќи му голема перница со пердуви под газот за да му биде помеко.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој само тоа и го правеше - задоволно се смешкаше и како маче се подместуваше за да биде почешан на вистинското место.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Генералот потстана да ѝ подмести стол на советничката, докторот се наведна да ѝ бакне рака на домаќинката; па сите седнаа, се погледнаа, се насмевнаа и во исто време почнаа да зборуваат, испивајќи го кафето: - Како сте? Како спиевте?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По „интелектуалните кулоари“ доминираат глупоста, јаловоста, анахронизмот, шовинизмот, кукавичлакот, лицемерието, перфидните подместувања...
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)