подмити (св.)
Во неа се истакнува дека „е одлучено дека ние би требало да ги подмитиме протогеровистичките елементи, но под два услова: никому да не му се открие фактот дека средствата за подмитување доаѓаат од страна на Владата на Нејзиното Височество, освен на примачот и и дека нема да прифатиме политички обврски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
За осудување е и фактот што директорот кој беше и доминантен (наводно со спорни акции) сопственик на компанијата, кога дозна за тужбата насочена против него, практично се обиде да подмити т.е. да се спогоди со неколкумина вработени кои сѐ уште не се беа приклучиле кон тужбата, а имаа намера да го сторат тоа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подоцна се разбрало дека локалниот воен старешина бил подмитен со една позлатена табакера за да го затворат Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)