подотворен прид.

подотворен (прид.)

На левата страна под подотворената пола на палтото му се гледаше синџирчето од часовникот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шишман зина во него со подотворена уста и чу: - Јас одам кај командирот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во косата имаше бели прамени, но вистински застрашувачки детаљ беше нејзината малку подотворена уста во која немаше ништо освен пештерска темница.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ни покажуваа подотворени примероци од Библијата и од Куранот со врежани страници, колку во него да се постави револвер, со прејасна алузија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Беше тоа единствениот подотворен прозорец во градот. Барем нејзе така ѝ се чинеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од таков систем, социјализмот одамна веќе беше избегал, како изгорен од пламени јазици, кои само што се зададоа од подотворената уста на капиталистичката демократија, ги натераа на бегство и младите од својата сакана земја Македонија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од издишката, низ подотворената рибја уста му се цедеше некоја црна леплива магла која ги нагризуваше или наразуваше, како со киселина, очите на секој кој ќе погледнеше во него, волно или неволно.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се разбегале и не легнале кој каде ќе можел да ја засолни главата, измршавени и изветвени, со ненадејно чувство на папсаност, а Васко Тушев, забест божем под подотворените усни држи парче пресен кромид, се веднел над својот баџанак, нем и сув, додека од карпите се разнесувал гласот на оној што стрелал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слична на сина снегулка, на прозорецот падна пеперуга и се сетив: болеста моја беше да се дочека пролетта на туѓ сламарник, лек - да се гледа низ клепки во детски подотворено руменило на усни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога завршив со раскажувањето другарите молчеа со подотворени усти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вполноќи некаде, легнати на брегот, ја бакнуваат својата света почва во која ништо не догорува и слушаат како шкрипи на ветрот некоја подотворена врата, И замирисува некој исушен цвет во заклетвите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да ѝ го стави најмалото рипче во подотвореното усте?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Камилски запре пред подотворениот голем прозорец на чардакот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сфатив дека моето решение најде подотворена врата и излез во неговите зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во осум и триесет ги ставија девојчињата в кревет и ги бакнаа за добра ноќ, ги вклучија малите светилки крај нивните кревети и ја оставија вратата подотворена.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Повеќе