подразбуди (св.)
Ќе удрам во нешто, ќе се подразбудам и пак одам. Месечината грее, ама ладно ме студенка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ноќта ме подразбуди некое тивко ’ржење и мачнина во стомакот.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.) Стојан се подразбуди, на невеста говори: „Стојанице, ти млада невесто, што ми лади лицето, дали ситна роса поросува или силни дождови?...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)