поединост ж.

поединост (ж.)

Немаше време да забележам поединости. Видов имаше црква, не многу голема.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога би имал камера и кога би зумирал, човек би можел да ја види мојата отворена дланка и грчот на лицето во настојувањето да ги видам поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кутрите глави како светнаа! Стариот, се виде, во таа работа имаше извежбано сѐ до поединости. Глава од глава.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш не бев во состојба да се осврнувам на поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некои ненапишани песни извесно време се по патничките торби на пазар, за да се издвојат симболите од цените меѓу нераскренатите здолништа и мирисите кои исчезнуваат меѓу каишите разлабавени како случајни желби меѓу знаците за распознавање заштитени со поединостите од сонот според ноктите, грбот и забите според нозете и легенот го менуваат описот на младоста и се подготвуваат еден ден под којзнае кој агол и облик да се јават :
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Посматрајќи го, не се интересираше за поединостите на неговото лице туку сакаше да го добие и изразот општиот впечаток што неговиот лик го имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Србин мирно посматраше како темнината се одронуваше од стварните облици на поединостите во пејсажот пред него како роса, капка по капка, поронува некаде в земја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не дека лаже, не, туку тој не ги знаел словенските јазици, така што не можел во разговорите со луѓето да забележи важни поединости“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги бележеше и ги паметеше најситните поединости, а ги раскажуваше и ги објаснуваше со извесна поетичност и патетика.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Земајќи ги предвид сите овие поединости, мислам дека нема да биде претерано да се предложи хипотезата дека со изборот на овој псевдоним Duchamp имплицирал дека самиот го достигнал статусот на посветеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Фронтот како да беше поставен спроти свлетлината на хоризонтот; сега ќе треба да мине доста време додека војниците навикнат на темнината; тогаш ќе почнат да го распознаваат бришаниот простор пред себе и ќе го заборават хоризонтот од загледаност во заплашувачките поединости пред нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Подоцна видов дека она што беше објавено во весникот по содржина соодветствуваше на листовите пишувани на рака, само што во дописот работите беа кажувани накрупно, без поединостите што ги имаше во подврзаните листови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со која беше толку блиска и од која ги дозна сите поединости околу нејзиното посвојување и растење. Ѝ недостасуваше раме за солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Господ не пропуштил да им ја спомене на другарите и онаа многу битна поединост, дека сум се спротивставил на неговата намера слушнатиов разговор да го пријави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И по многуте години од нејзината најсреќна ноќ, таа беше спремна да раскажува само за онаа убава починка во гостилницата кај Бањи, каде што гостилничарот им варел јајца во водата на врелиот извор на бањата а се разбира ќе спомнеше и понекое доживување или необична поединост од тоа долго патување низ ноќта кога размислувањата за среќата повремено ѝ ги прекинувал коњот со гласното фучење, а ќе го спомнеше патем и одговорот на птиците содржан во нивните исплашени крикови што ќе уследеле веројатно поттикнати од фучењето на коњот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ги паметам сите поединости од разговорите што ги водевме, но го немам заборавено мирисот на сите мои попладниња во Пасажот... ми се обраќаше понатаму Нилика во нејзиното писмо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сфаќајќи ја и самиот необичноста на исповедта што требаше да го вклучи и Даскалов во карактеристиките на играва, помислив дека е потребно да го упатам и во некои други поединости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еднаш му пишав на брат ми во Мелбурн и, не раскажувајќи му поединости, го прашав дали тој знае нешто повеќе за нашите предци.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите други поединости што можат да се доведат во врска со овој текст се содржани во него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Повеќе