пожали св.

пожали (св.)

Утредента му отиде на командирот нивни и се пожали. Имало некој толмач и се разбрале.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку американски претседатели се пожалиле дека Белата куќа никогаш не станала дом: нејзината грандиозност никогаш не може да се одоми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Андон се саштиса. Толку му беше мило и радосно во душата што не би ја пожалил во тој миг и куќата да ја запали, само да ги види однекаде градот со кого седи сега овде.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Краварката ѝ се пожалила дека нејзиниот господин кој ја венчал пред да почне војната, сега, им се придружил на војските што заминале в туѓина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можам да се пожалам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Албанците се пожалија во Комитетот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
и еден ден се појави полковиот командир, на еден бел коњ, коњот игра, не гази на земјата, беше бил заробен од Англичаните, и кога дојде му даде команда на ротниот командир и на другите офицери да се тргнат подалеку од војниците, и тие сите се тргнаа едно двеста чекори, и полковиот командир не прашува кој каква мака има, или некоја поплака да има, и излезе еден, Ристе се викаше, а тој пак сето време само главата навалена и само зачуден, и со никого ни а, ни бе, и мајката, си мислиме, на толку молчење, сега најде да зборува, а тој ти имал мака, полкот негов ја збркал работата, а го окривиле и Ристета и го осудиле седум години затвор да лежи по завршувањето на војната, и Ристета цела недела пред тоа го учел еден адвокат од Скопје како да се пожали, го вежбал за докладот, како да се претстави и како да се поплаче и Ристе станува, јас бев часовој, вели, кога стана тоа, а имам и часовник добиено за храброст, ама јас не бев таму, кај што стана колењето и му кажува сѐ како што било,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Приказната почнува во еден убав мајски ден, кога постарата, малку необична, мистериозна Г-ѓа Морисон во еден парк ќе го запознае младиот Г-н Стјуарт кој ќе ѝ се довери и пожали дека неговата љубена наместо да се омажи за него, сака да прави кариера на оперска певица.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Така што најпосле Акакиј Акакиевич еднаш во животот посака да покаже цврстина и одлучно рече дека неопходно му е лично да го види началникот, дека тие не смеат да не го пуштат, дека тој доаѓа од установа по државна работа и дека ако тој се пожали на нив, тогаш ќе видат тие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се пожали писателот дека во нашава животна средина скоро сите чинители на духовните добра можат да вадат парче леб од својата дарба, само писателот не.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Иако Солун имаше многу гости на есенскиот саем, угостителството ги прими сите, ги услужи сите и ретко кој се пожалил на гостољубивоста на солунчани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа одеа колку што личеше пополека и не можеа да се пожалат дека се измориле.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Вториот што ме посети беше Коте Буџе. Тој ми се пожали на три работи: прво, што на времето направил куќа на пат, второ, дека сакал да купи стан на отплата в град и, трето, работа во државно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И човекот отишол во Прибилци да се пожали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден наш роднина во градот порача кафе и кога виде дека нема кајмак, му се пожали на келнерот, а тој, пезевенкот, се врати во кујната и во филџанот плукна неколкупати.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откога го удрив, го пожалив пусти штрк, ама се стори.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А сега овие новите, по неговото уривање, кои се прават демократи и европејци, нѐ подзаборавија... – ни се пожали еден долгогодишен Врбниченец кој сега живее во Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе