позајми (св.)
Една од колешките ми позајми две книги за испити што требаше да ги полагам.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но ако во неговиот јазик има гласови што ги нема во јазикот од којшто се позајмува азбуката, тогаш позајмувачот на туѓата азбука ќе направи некои изменувања и дополнувања на неа, со кои ќе биде означена разликата во гласовите меѓу двата јазика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога ќе требе да го изговорам твоето име позајми ми ги вилиците.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
По два дена некој ми ги позајми и цокулите.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И смртта што ја сеат им е позајмена.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој му тврдеше на Татко, позајмувајќи му книги од Декарт на читање, дека без вистинското картезијанство, односно рационална и длабока анализа и размисла на природните и општествените процеси не ќе може ништо целосно да се разреши на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го прашав Земанек заедно да пишуваме; тој рече дека не сака; го замолив барем да ми прави друштво, оти имав намера цела ноќ да седам и да работам; рече дека не сака; по часовите позајмив една машина за пишување од еден пријател и се зафатив со работа.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А од кого ќе позајмам јас, му вели, кој ќе ми даде мене години, и со мои години ќе живеам јас, му вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
-Позајми ми снага да ги раскрстам рацете те испив.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Дури ѝ позајмив штикли од мојата братучетка Едита па изгледав некако повозрасна одколку што бев.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тука го позајмува неговото име, станува Градишки Пат, и под тоа име, кршкајќи, грбавејќи се, стенкајќи, одморајќи се и припазувајќи се од дивина, која секој миг може да истрча од орманот, се искачува на сртот, кој е гол и зарамнет.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако ти дадам тебе, мене не ќе ми стасаат, па ќе треба да позајмувам, му вели. 28
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Работа на која постојано се враќаше беше неможноста да дознае каков бил навистина животот пред Револуцијата. Извади од фиоката еден детски учебник по историја што го позајми од г-ѓа Парсонс и почна да препишува еден пасус во својот дневник:
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сократ ја позајмил од Делфискиот пророк сентенцата „Себе си запознај се“ и ја пласирал кај своите ученици како негова лична измислица.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ќе треба од Бугарите небо да позајмиме.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Коњот ми пцовиса, а во селото нема никој кој би ми го позајмил својот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бидејќи мајка ѝ запре да и дава пари, цигари позајмуваше од Ирина, а кога немаше и таа, тогаш собираше догорчиња по тротоарите, го вадеше тутунот од нив и виткаше цигари.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
На пример, го среќаваш Перо водоводџијата, Рустем слаткарот или Ќиро клозетската шоља и замолуваш некој од нив да ти го позајми носот...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)