поздрави (св.)
Тој поздрави војнички и излезе. Во земјанката завладеа тишина. Молчат и пушат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Генералот се поздрави со командантот и го праша сѐ додека му ја држеше раката: - До границата колку е далеку?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со татко ти бевме другари. Поздрави ја мајка ти!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Стариот другар те поздравува; те нема заборавено, објасни тој.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секогаш оддалеку ме поздравува, секогаш прв ме поздравува.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
- Доброутро, здраво-живо! - поздравува врапче сиво. - Доброутро - поздрав врел ви испраќа гулаб бел.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Со тие два-три зборови на нашиот албански јазик се поздравуваме и потоа стегна сопирачката.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вчеравечер уште беше рано Низ калдрми тргнав пеш по градот Та здогледав едно купче збрано Деца, кај цртаат плочка Недалеку од плоштадот Ме понесе патот кон чаршија На мостот лошо реконструиран Човек ко мене пензиониран со жената стојат од каршија Ги поздравив и ми возвратија А кучиња скитници пријателски До следниот мост ме испратија
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Грдо е, ќе се согласите со мене, што денес луѓе кои живеат во иста зграда, во ист влез, на ист кат, не се познаваат, не се поздравуваат.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Постојано ќе се поздравува со некој пред себе на масата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Многу те поздравува и ти прати едно кило шеќер.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Секое утро мислата го поздравуваше новиот работен ден со „Е стварно го претераа, ќе им се качам горе да се разбереме на што личи ваквото однесување во една реномирана и културна установа каква што е нашава.”
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Патем се поздравуваа и разговараа и со селаните од другите села, кои ги бодеа пред себе натоварените добичиња.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Сакам да играм, но мора да се поздравам со една девојка која ја познавам од порано.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се распрашува за сите свои ученици, сите ги поздравува...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Но, ќе ве молам - некогаш поздравете го татко ми...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Од соседната маса го поздрави обична сива глава.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се поздравуваат со Дај Бог, често се крстуваат со Перун и Митра, во нивна чест, во чест на овие старославјански божества, садат перуника и ги виткаат портите, вратите и прозорците на куќите со зеленило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)